Општо гледано, сексуалната работа е се уште погрешно разбрана. Сексуалната работа е повеќе од само секс.
Тоа е професија која секојдневно се соочува со стереотипи, иако илјадници вклучени во секс индустријата кои самостојно избрале да заработуваат на овој начин се дел од една поголема и поразновидна група на луѓе.
Во однос на трансродовите сексуални работници, може да се каже дека нивните проблеми се зголемуваат поради нивниот родов идентитет и сексуална ориентација. Повеќето од нив се соочуваат со дискриминација од страна на своите клиенти, а оние кои се обидуваат да ја напуштат оваа професија, наидуваат на голем број пречки, при тоа не можат да најдат работа на друго место.
Шери Шеркуеса (26), трансродова сексуална работничка и Никол Хусин (23), бивша ескорт девојка раскажуваат за своите искуства и предизвици како трансродови сексуални работници.
Двете трансродови жени се родени како мажи. Никол на 18 годишна возраст направила неколку операции за трансформација на своето тело, вклучувајќи импланти на гради и колкови, додека пак Шери прима хормонски терапии во изминатите осум години.
- Сексуалната работа воошто не е лесна
Заработувачката од сексуалната работа можеби е добра, но добивањето на клиенти не е лесно за трансродните сексуални работници. Некои клиенти едноставно не сакаат да им се приближат, откако ќе дознаат дека се трансродни лица.
Шери која работи како сексуален работник веќе 6 години вели: “Луѓето можеби мислат дека ако заработуваш 50 долари за половина час, и при тоа имаш 10 клиенти во текот на денот, тоа е навистина висока сума на пари која ја добиваш.”
“Но, јас немам 10 клиенти дневно. Истото важи и за ескортите, обично не наоѓаат повеќе од два клиенти во еден ден”.
Во најдобра варијанта, Шери заработува од 200 до 250 долари, откако ќе помине четири до шест часа работејќи на улица. Но, нејзините месечни трошоци се навистина големи, особено здравствените прегледи на кои редовно мора да оди.
“Не е само до облеката, храната и подготовките за моите клиенти, моите месечни трошоци се навистина големи.”
- Сексуалната работа во денешно време е сосема изменета
Никол, поранешна сексуална работничка која повеќе од 10 години била вклучена во сексуалната работа, се сеќава на едни подобри времиња за оваа професија.
“Кога ќе се навратам на тие денови, кога првпат излегов на улица, не имаше најмалку 20. Сега, работат само три од нив”, вели таа.
Во времето кога Никол работела како сексуална работничка, било многу полесно за сексуалните работници повремено да мигрираат од една држава во друга со цел да дојдат до поголема заработувачка. Сега нивното движење е ограничено.
- Сексуалните работници нудат услуги на Интернет
Во последно време се повеќе млади сексуални работници кои неодамна ја започнале да ја работат оваа работа ги нудат своите услуги онлајн. Сметаат дека ова е побезбеден начин да дојдат до своите клиенти, отколку да излезат на улица.
Шери, како една од истражувачите на Проект Х, што всушност претставува група за заштита на правата на сексуалните работници, вели дека иако пристапот до овие млади сексуални работници кои се одлучиле да работат онлајн е многу потежок, сепак прави големи напори за да ги вклучи истите во програмата за нивна заштита.
“Ние ги наоѓаме на интернет, потоа ги тераме нашите волонтери да контактираат со нив и доколку е потребно да им обезбедат правен совет и бесплатни кондоми “, вели Шери.
- Работите со клиентите можат да станат емотивно комплицирани
За разлика од ‘проститутка’, термин за кој има многу стигма и предрасуди, терминот ‘сексуален работник’ е широко прифатен за опишување на луѓето кои ја работат оваа работа.
“Во ‘сексуална работа’, сепак стои зборот ‘работа’. Сепак платени сте за физичките и менталните фактори кои се вклучени во оваа професија”, вели Шери.
За разлика од просечниот сексуален работник, ескорт придружниците нудат повеќе услуги, не само секс.
Најчесто ескортите ги нудат своите услуги на интернет, и за истите наплатуваат многу повеќе во споредба со просечните надоместоци кои ги добиваат сексуалните работници кои работат на отворена сцена. Ескортите нудат малку поспецифични услуги поврзани со фетиши како на пример садизам и мазохизам.
“Заработувачката кај ескортите кои нудат специфични услуги е поголема, затоа што повеќето сексуални работници немаат такви вештини … Ако не сте искусни, може да ги повредите вашите клиенти”, објаснува Шери.
- Која е причината на трансродните лица да започнат со сексуалната работа
Повеќето трансродови сексуални работници започнуваат со сексуална работа веднаш по започнувањето со хормонска терапија или евентуално по промената на полот.
“Повеќето, ако не и сите, се вклучуваат во секс индустријата веднаш по нивната транзиција во младоста. Некои дури и ги напуштаат училиштата и следејќи го примерот од нивните постари трансродни пријатели се впуштаат во оваа работа,“објаснува Шери.
Исто така, голем е бројот на трансродни лица кои започнуваат со сексуалната работа, поради тоа што не можат да најдат друга работа. Најголемата причина за ова е тоа што работодавците не сакаат да ангажираат трансродови луѓе за свои работници.
“И покрај тоа што можеби имаме соодветно образовна или искуство, ние не можеме да се вклопиме во нивните описи за работно место со изговор дека нашиот сегашен идентитет не се совпаѓа со нивното резиме. Едноставно, тие не сакаат трансродно лице да биде дел од нивниот тим,” вели Шери.