Влијанијата на КОВИД-19 пандемијата врз менталната, здравствената, социјалната и економската благосостојба на сексуалните работници/-чки во Република Северна Македонијa

КОВИД-19 пандемијата придонесе кон зголемување на многуброј-ните здравствени и социјални нееднаквости помеѓу ранливите популации како што се секуалните работници/-чки. Помеѓу 25-ти јули и 14-ти август 2020 година, спроведовме брза проценка за да ги испитаме КОВИД-19 влијаниијата врз здравствената и социоекономската благосостојба помеѓу 50 сексуални работници/- чки во Северна Македонија. Голем дел од учесниците/-чките имаат почувствувано негативно влијание поврзано со КОВИД-19 врз општата благосостојба, меѓусебната интеракција, финансиските средства, основните средства за живот, како што се домување, храна, итн. Во најголем дел не е забележано промена во користење на кондоми. Но, значителен дел пријавиле предизвици при пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, ХИВ тестирања и други здравствени услуги. Рестриктивните мерки како што се полициските часови, влијаат врз намалување на бројот на клиенти и губење на приходите придонесувајќи кон уште поголема економска несигурност кај оваа маргинализаирана и економски несигурна популација. Дополнително, постоечките законски казни, политики и воспоставената пракса на непризнавање на сексуалната работа како работна дејност, не само што во услови на здравствена криза ја онеспособуваат економската моќ на сексуалните работници/-чки, туку jа зголемуваат и нивната ранливост на КОВИД-19. Во услови кога сексуалната работа не е конкретно правно регулирана и признаена како дејност, сексуалните работници не се во можност да ги користат економските мерки кои важат за останатите стопанства и индустрии, не можат да работат во здравствено контролирани околоности кои овозможуваат заштита и придонесуваат кон спречување на ширење на пандемијата. Иако постои релативно висока свест за националните мерки за намалување на последиците од КОВИД-19, опфатот со овие мерки помеѓу учесниците/-чките е ограничен. Потребно е да се препознаат сексуалните работници/- чки како особено ранлива популација на КОВИД-19 и последиците од КОВИД-19 и да се формулира пакет социо-економки мерки со цел таргетирана поддршка на оваа заедница.

Целото исражување можете да го прочитате/превземете тука:

Влијанијата на КОВИД-19 пандемијата врз менталната, здравствената, социјалната и економската благосостојба на сексуалните работници/-чки во Република Северна Македонијa