На 3-ти март се одбележува Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници.
Ова одбележување започнува во 2001 година, кога над 25.000 сексуални работници се собраа во Индија на фестивалот за сексуални работници (Sex Work festival). Организаторите на овој настан Durbar Mahila Samanwaya Committee, група од Калкута чие членство брои повеќе од 50.000 сексуални работници и членови на нивниот комитет.
Сексуалните работници од целиот свет го слават 3-ти март како ден на правата на сексуалните работници.
Durbar Mahila Samanwaya Committee (2002) : Ние силно чуствуваме дека треба да имаме еден ден кој ќе биде почитуван и славен од заедницата на сексуaлни работници на глобално ниво. Имајќи во предвид мобилизацијата на сите сексуални работници која се случува глобално ниво (женски, машки,транссексуалци) ние го предложивме 3-ти март како ден за правата на сексуaлните работници.
Знаејќи ги вообичаените реакции на меѓународните органи и стaвови на академици и интелектуалци од развиените земји (многумина од нив сметаат дека сексуалните работници од третиот свет се различни од нивните колеги кој живеат и работат во развиените земји т.е. дека тие не можат да ги носат сами своите одлуки). Повикот доаѓа токму од земја од третиот свет, ние веруавме дека оваа е соодветен момент за вакво нешто. Ние ќе бидеме задоволни ако го одбележувате овој датум и во вашата земја… Ние се надеваме на вашата подршка… Да направиме соништата да станат реалност.