Денес на 20-ти Ноември се одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви со цел да се даде почест на сите жртви на трансфобијата и да се привлече внимание кон континуираното насилство со кое се соочува трансродовата заедница.
Овој ден за прв пат се одбележал во 1999-тата година, кога трансродовата активистка Гвендолин Ен Смит, укажала почит кон убиената трансродова жена Рита Хестер во Алстон, Масачусетс. Оттогаш се одбележува во повеќе од 20 земји во светот секоја година на истиот датум. Во склоп на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви, се организираат многубројни кампањи , настани и маршеви со цел да се информира јавноста за проблемите и насилствата со кои секојдневно се соочуваат трансродовите лица ширум светот.
Во Р. Македонија не постојат официјални податоци за убиства на трансродово лице, меѓутоа постојат неколку евидентирани случаи на психичко и физичко насилство кон трансродните лица.
Трансродовите лица треба да имаат и уживаат еднакви човековите права како и секој друг граѓанин и сите ние треба да се бориме против секаков вид на насилство.