Подесувања за колачиња

Користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да навигирате и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња под секоја категорија на колачиња.

Колачињата што се категоризирани како „неопходни“ се складираат на вашиот интернет прелистувач бидејќи тие се есенцијални за овозможување на основните функционалност на веб-сајтот.... 

Секогаш активни

Неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на овој веб-сајт, како што се обезбедување на безбедно најавување или прилагодување на вашите преференции на согласноста за колачиња. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци што може да ве идентификуваат.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето одредени функционалности како споделување на содржините на веб-сајтот на социјалните мрежи, прибирање повратни информации и друго.

Аналитичките колачиња се користат заради добивање увид во и разбирање на интеракцијата на посетителите со веб-сајтот. Тие помагаат во прибирањето статистички податоци, како на пример бројот на посетители, демографски податоци за нив, изворот на интернет сообраќајот до нашиот веб-сајт, итн.

Перформансните колачиња се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси на перформансите на веб-сајтот што помага во испорачувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Рекламните колачиња се користат за да им се овозможат на посетителите прилагодени реклами врз основа на страниците што претходно ги посетиле и за анализа на ефикасноста на рекламните кампањи.

Одбележување на 2-ри јуни, Меѓународниот ден на сексуалните работници со дигитална видео кампања против дезинформациите и негативните наративи за сексуалните работници

Во пресрет на одбележувањето на 2-ри јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, во текот на месец јуни 2024 година ќе спроведе дигитална видео кампања насловена „Сексуалните работници се спротивставуваат на дезинформациите“, која има за цел да придонесе за намалување на дезинформациите во врска со сексуалната работа и сексуалните работници, кои се присутни на социјалните медиуми во Северна Македонија.

Сексуалните работници како маргинализирана заедница често се мета на дезинформации кои поттикнуваат говор на омраза и онлајн насилство и оваа кампања претставува мобилизација на заедницата кон намалување на проблемот со дезинформациите во дигиталниот простор. За време на дигиталната видео кампања во текот на месец јуни ќе бидат промовирани 5 кратки видеа (shorts) на социјалните медиуми со цел да се создадат позитивни наративи за овие теми помеѓу корисниците на социјалните медиуми во РСМ и да се намалат постоечките негативни и штетни наративи за најстарата професија во светот.

На долг рок, кампањата придонесува кон стратешки важна цел за заедницата на сексуалните работници, а тоа е поттикнување позитивна јавна дебата за декриминализација на сексуалната работа, како единствена политика која ќе обезбеди почитување на човековите права и слободи на сексуалните работници во едно демократско и праведно општество.

Оваа видео кампања е подготвена од страна на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје во рамките на проектот „Сексуалните работници се спротивставуваат на дезинформациите во Северна Македонија“, поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.