По повод одбележувањето на 17-ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, ние, сексуалните работници здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со нашите партнери ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА и Коалиција МАРГИНИ, поддржувачи и активисти одбележавме важен јубилеј 15 години Марш на црвените чадори со слоганот 15 години колективен глас против насилството врз нас.
И оваа година, храбри, силни и гласни испративме важна порака до институциите и јавноста со која:
Бараме подобри и побезбедни услови за работа;
Бараме признавање на трудот на сексуалните работници;
Бараме декриминализација на сексуалната работа.
Со декриминализацијата и признавањето на сексуалната работа како работа ќе се заштитат правата, еднаквоста и достоинството на сексуалните работници и конечно ќе можеме да живееме без страв од насилство, стигматизација и социјална исклученост.
Во прилог погледнете нашето видео од овогодинешниот јубилеен Марш на црвените чадори:
Издавањето на ова видео е финансирано од Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на проектните активности на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондација Отворено општество – Македонија.
Видео продукција: FlyCam продукција