NSWP (Global Network of Sex Work Projects) започнува со иницијатива за одбележување на четвртиот Меѓународен ден за правата на сексуалните работници, Ден на гордоста на сексуалните работници, што ќе се одржува на 14-ти септември секоја година. Одбележувањето на овој ден има за цел да го прослави самоопределувањето на сексуалните работници, да ја зголеми нивната видливост и да ги покаже достигнувањата на организациите предводени од сексуалните работници. Другите три интернационални денови за правата на сексуалните работници кои се одбележуваат секоја година се 3 март, 2 јуни и 17 декември. Со организирање на јавни кампањи, настани и протестни маршови на овие значајни денови, заедницата на сексуални работници повикува на почитување на нивните работнички права, пристап до правда и искоренување на насилството врз сексуалните работници.
Со одбележување на Денот на гордоста се отвора можност за заедницата на сексуални работници да споделат лични искуства, приказни и достигнувања во изминатите години од активистичкото движење на сексуалните работници на интернационално ниво.
NSWP ги повикува сите свои членови да се придружат во одбележување на овој ден на кој ќе се слави различноста на заедницата на сексуалните работници и ги поканува организациите предводени од сексуалните работници да споделат:
- Краток текст за своите достигнувања и успеси во текот на минатата година на кои сме горди и сакаме да ги прославиме;
- Фотографии поврзани со темата за одбележување на Денот на гордоста на сексуалните работници кои ќе бидат споделени на социјалните медиуми.
Поканети се сите организации на сексуални работници да го прослават Денот на гордоста и да го одбележат со организирање на свои акции, вклучувајќи локални настани или онлајн активности за споделување на искуства со сексуалните работници од целиот свет.[:]