Ние, сексуалните работници заедно со нашите поддржувачи ги ПОВИКУВАМЕ институциите и пошироката јавност да се приклучат кон маршот на црвениот чадор и марширајќи со нас да станат наши сојузници во заложбите за искоренување на насилството врз сексуалните работници.
Оваа година се одбележуваат јубилејни 10 години од кампањата за 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Како и секоја година граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР Скопје, заедно со своите поддржувачи се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на овој значаен ден.
10 ГОДИНИ МАРШ НА ЦРВЕНИОТ ЧАДОР
НЕДЕЛА, 17-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12:00 ЧАСОТ
МЕСТО: НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА
Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година како спомен и почит за жртвите-сексуални работници на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон кој потоа беше осуден на доживотна казна затвор. Оттогаш на овој ден секоја година се организираат протесни маршови на сексуалните работници од целиот свет кои се борат против насилство и дискриминација. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената боја е симбол на убавината, а чадорот е симбол на отпор против дискриминацијата и насилството.
Си посакуваме сонце во недела и река од солидарност!