Според едно неодамнешно истражување, околу четириесет проценти од сексуалните работници/чки во Велика Британија имаат факултетска диплома.
Во студијата во која беа користени информации од британски сексуални работници/чки кое не биле жртви на трговија со луѓе туку одбрале самите да се занимаваат со оваа професија, беше објавено дека триесет и осум проценти од сексуалните работници/чки имале диплома од прв циклус на студии, а седумнаесет проценти биле на последипломски студии.
Истражувањето беше спроведено од страна на истражувачки тим од Универзитетот во Лидс и вклучуваше 240 сексуални работници/чки, од кои 196 жени, 28 мажи и 12 трансродови лица.
Повеќе од 70% од испитаниците претходно работеле во здравството, образование или во невладиниот сектор, се вели во студијата. Околу 33% претходно работеле во малопродажбата.
Студијата исто така беше фокусирана на причините зошто испитаниците започнале да работат во секс индустријата. Една од испитаничките рекла дека не можела да си ги исплаќа кредитите заработувајќи педесет фунти дневно во јавното здравство.
Студијта откри дека 113 испитаници биле жртви на криминал, вклучувајќи силување и кражба, а околу 86 добивале заканувачки пораки, повици и електронска пошта.
Главниот истражувач Д-р Тила Сандерс заклучи дека на сексуалните работници/чки треба да им се дозволи да работат на легален начин за да си ја осигураат својата безбедност.
Извор: RT