Подесувања за колачиња

Користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да навигирате и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња под секоја категорија на колачиња.

Колачињата што се категоризирани како „неопходни“ се складираат на вашиот интернет прелистувач бидејќи тие се есенцијални за овозможување на основните функционалност на веб-сајтот.... 

Секогаш активни

Неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на овој веб-сајт, како што се обезбедување на безбедно најавување или прилагодување на вашите преференции на согласноста за колачиња. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци што може да ве идентификуваат.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето одредени функционалности како споделување на содржините на веб-сајтот на социјалните мрежи, прибирање повратни информации и друго.

Аналитичките колачиња се користат заради добивање увид во и разбирање на интеракцијата на посетителите со веб-сајтот. Тие помагаат во прибирањето статистички податоци, како на пример бројот на посетители, демографски податоци за нив, изворот на интернет сообраќајот до нашиот веб-сајт, итн.

Перформансните колачиња се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси на перформансите на веб-сајтот што помага во испорачувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Рекламните колачиња се користат за да им се овозможат на посетителите прилагодени реклами врз основа на страниците што претходно ги посетиле и за анализа на ефикасноста на рекламните кампањи.

1 Декември – Светски Ден за борба против СИДА

Светскиот ден за борба против СИДА се одбележува секоја година на 1-ви Декември и претставува можност за луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, да ја дадат својата поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ и да укажат почит кон оние кои починале. Светскиот ден на СИДА-та е една од осумтте глобални кампањи за здравје на Cветската Здравствена Организација и за прв пат се одбележала во 1988-та година. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите земји во светот.

До крајот на 2016-та година биле регистрирани околу 36,7 милиони луѓе кои живеат со ХИВ на глобално ниво. До средината на 2017 година, регистрирани се околу 20,9 милиони луѓе кои живеат со ХИВ и примаат антиретровирусна терапија на глобално ниво. Глобалната покриеност за антиретровирусна терапија кај бремени жени и доилки кои живеат со ХИВ е висока на 76%. Повеќе од 35 милиони луѓе починале од ХИВ вирусот, што ја прави една од најголемите пандемии во историјата.

Во Р. Македонија стапката на ХИВ е на најниско ниво а најзасегнати се ризичните групи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници и мажи кои имаат секс со мажи. Според евиденцијата во Институтот за јавно здравје, за 30 години односно од 1987 до 2017 година регистрирани се 338 случаеви на ХИВ од кои што 83 се веќе починати, а 255 лица живеат со ХИВ и примаат антиретровирусна терапија.

Денес, постојат многу научни достигнувања кои се значајни за третманот со ХИВ, постојат и закони за заштита на луѓето кои живеат со ХИВ. Но, и покрај тоа, луѓето се уште не знаат како да се заштитат себеси и другите од ХИВ, а стигмата и дискриминацијата е се уште присутна кај многу луѓе кои живеат со ХИВ. Одбележувањето на Светскиот ден на СИДА е многу важен, бидејќи ја потсетува јавноста дека борбата против ХИВ/СИДА не е завршена – се уште е потребно да се соберат пари, да се зголеми свеста, да се бори против предрасудите и да се подобри образованието.

Светскиот ден на СИДА е можност да се научат фактите за ХИВ вирусот, начинот на пренесување, да се спречи неговото ширење, да се третира и да се прифати реалноста на живеење со ХИВ. Обезбедувањето на правото на здравје за сите е од големо значење да се постигнат вистински здравствени услуги на сите оние на кои им се потребни. Пошироката политика и социјалната средина треба да играат клучна улога во креирање на превентивните програми за ХИВ.

И во Р. Македонија секоја година се организираат јавни настани за одбележување на Светскиот ден на СИДА, со цел да се подигне свесноста кај луѓето дека лицата кои живеат со ХИВ, доколку навремено се дијагностицирани и редовно се третираат имаат долг и нормален живот.

Грижете се за сопственото здравје и за здравјето на другите![:]

Tags: , , , , ,