Јавен повик за свикување на Годишно собрание на членовите на Здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар-Стар Скопје за деловната 2020 година

Врз основа на Одлуката за свикување Годишно Собрание на членовите на Здружението за деловната 2020 година број 02-271/1 донесена од страна на Претседателот на ден 12.05.2021 година,  и член 24 став (2) од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016)  и член 18 од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од 15.12.2011 година, Претседателот на Собранието/Здружението за поддршка на маргинализирани работници (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 12.05.2021 година објавува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за свикување на Годишно собрание на членовите на

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ

СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2020 година

 

  1. ДАТУМ, ЧАС И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Со Одлука за свикување на Годишно Собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ донесена од страна на Претседателот на ден 12.05.2021 година, се свикува седница на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2020 година.

Годишното собрание ќе се одржи во Скопје, на ден 21.05.2021 година (петок), со почеток во 12 часот.

Здружението по писмен пат ќе ги извести членовите за местото на одржување на Годишното Собрание, не подоцна во рок од 3 дена пред денот на одржување на истото.

  1. РАБОТЕН ДЕЛ

За работа на седницата на Годишното собранието на членовите на Здружението се предлага следниот:

 

Р А Б О Т Е Н    Д Е Л

I.Процедурален дел;

II.Изборен дел;

III. Работен дел.

 

  1. ДНЕВЕН РЕД

 За работа на седницата на Годишното Собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

I. Процедурален дел

  1. Отворање на Годишното собрание на членовите на Здружението;
  2.  Утврдување на кворум за работа на Собранието;
  3.  Верификација на списокот на пријавени и присутни членови и/или нивни полномошници согласно Регистерот на членови на Здружението;
  4. Претставување и усвојување на Деловникот за работа на Собранието.

 

 II. Изборен дел

  1. Избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;
  2. Избор и именување на Записничар на Собранието;
  3. Избор и именување на Оверувачи за записникот од Собранието.
  4. Отповикување на Претседателот на Здружението, одземање на правата и ослободување од должностите и обврските
  5. Избор и именување на Претседател на Собранието/Здружението;
  6. Избор и именување на членови на Управниот одбор и Претседател на Управниот одбор на Здружението.

 III. Работен дел.

1.Разгледување и усвојување на прeчистен текст на СТАТУТ на Здружението

ПРИЛОГI_Статут на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР СКОПЈЕ_(Пречистен текст)_210521

ПРИЛОГII_Одлука за усвојување СТАТУТ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ_(Пречистен текст)_210521

  1. Разгледување и усвојување на ПРОТОКОЛ ЗА ЧЛЕНСТВО на Здружението

ПРИЛОГI_Протокол за членство на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје_210521

ПРИЛОГII_Анекс I_Пристапница за членство за членови од редовите на заедницата_210521

ПРИЛОГIII_Анекс II_Пристапница за членство за поддржувачи_210521

ПРИЛОГIV_Анекс III_Регистер на членство_210521

ПРИЛОГV_Одлука за усвојување Протокол за членство и Анекси кон членство_210521

  1. Прием на нови членови и одземање членство

ПРИЛОГI_Регистер на членство на членови од редовите на заедницата_210521

ПРИЛОГII_Регистер на членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_210521

ПРИЛОГIII_Одлука за прием на членови од редовите на заедницата и прием на членови на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_210521

ПРИЛОГIV_Одлука за одземање на членство на членови од редовите на заедницата и одземање членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_210521

  1. Разгледување и усвојување на завршната сметка на Здружението за деловната 2020 година

ПРИЛОГI_Завршна сметка на Здружението за 2020 година

ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на завршната сметка на Здружението за деловната 2020 година_210521

  1. Разгледување и усвојување на Десетгодишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за периодот од 2010 до 2020 година;

ПРИЛОГI_ Десетгодишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за периодот од 2010 до 2020 година_мај21;

ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Десетгодишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за периодот од 2010 до 2020 година_210521;

  1. Разгледување и усвојување на независни проектни ревизорски извештаи за 2020 година;

ПРИЛОГI_Независен проектен ревизорски извештај_Sex Workers and Healtcare in a Joint Collaborative to Provide Comprehensive Stigma and Discrimination Free HIV and STI Services for Sex workers in Republic of North Macedonia_090919_311020

ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на независен проектен ревизорски извештај за проект_Сексуалните работници и здравствените работници во заедничка акција за обезбедување ХИВ и СПИ услуги ослободени од стигма и дискриминација за сексуалните работници во Република Северна Македонија_210521

ПРИЛОГIII_Независен проектен ревизорски извештај_Prompt COVID-19 Harm Reduction Community Response in Sex Worker’s HIV Programs in Republic of North Macedonia_150620_311220

ПРИЛОГIV_Одлука за усвојување на независен проектен ревизорски извештај за проект_Брзи реакции на заедницата за намалување на штети предизвикани од КОВИД-19 во ХИВ програмите за сексуални работници во Република Северна Македонија_210521

7.Разно

  1. Право на учество

Право на учество на Собранието имаат сите членови со право на глас кои пристапиле кон членство во Здружението поднесувајќи Пристапница за членство од редовите на заедницата, најдоцна до 14 дена пред денот на одржување на седница на Собранието.

На Собранието, членовите на Здружението ќе учествуваат лично, а во случај на спреченост да овластат полномошник да ги застапува со полномошно.

Претседателот на Собранието се стекнува со право да покани гости на Собранието без право на глас.

  1. Материјали

Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје им се достапни на увид на сите членови со право на глас, од денот на објавување на овој Јавен повик, секој работен ден од 10 до 17 часот во просториите на Здружението.

Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје во електронска и хартиена форма ќе бидат достапни за сите членови со право на глас, во холот на просториите каде ќе се одржува седницата на Собранието.

Со кликнување на овој линк можете да го најдете Jавниот повик за свикување Годишно Собрание на членовите на Здружението за деловната 2020 година во оригиналната форма.