ЈАВЕН ПОВИК за свикување Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2023 година

Врз основа на Одлуката за свикување Годишно Собрание на членовите на Здружението за деловната 2023 година, број 02-090/1 донесена од страна на Претседателот на ден 22.02.2024 година,  и Член 24 став (2) од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016), и Член 21, став (1), став (4) од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од ден 03.03.2022 година, Претседателот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 01.03.2024 година објавува:

Ј А В Е Н  П О В И К
за свикување Годишно собрание на членовите на
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ
СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2023 година

 

1. ДАТУМ, ЧАС И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Со Одлука за свикување на Годишно Собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ, деловоден број 02-090/1 донесена од страна на Претседателот на ден 22.02.2024 година, се свикува седница на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2023 година.

Годишното собрание ќе се одржи во Скопје, хотел Панорамика Дизајн & Спа, на ден 22.03.2024 година (петок), со почеток во 12 часот.

2. РАБОТЕН ДЕЛ

За работа на седницата на Годишното собранието на членовите на Здружението се предлага следниот:

 

Р А Б О Т Е Н    Д Е Л

I. Процедурален дел;

II. Изборен дел;

III. Работен дел.

3. ДНЕВЕН РЕД

За работа на седницата на Годишното Собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

I. Процедурален дел

1. Отворање на Годишното собрание на членовите на Здружението со поздравен говор;
2.Утврдување на кворум за работа на Собранието;
3. Верификација на списокот на пријавени и присутни членови и/или нивни полномошници согласно Регистерот на членови на Здружението.

II. Изборен дел

1. Избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;
2. Избор и именување на Записничар на Собранието;
3. Избор и именување на Оверувачи за записникот од Собранието;
4. Гласање по однос на оставка од претседател; oтповикување на Претседателот на Здружението, одземање на правата и ослободување од должностите и обврските
5. Избор и именување на Претседател на Собранието/Здружението, согласно Јавен повик за избор на Претседател од ден 01.03.2024 година;
6. Отповикување на членови на Управниот одбор, одземање на правата и ослободување од должностите и обврските, и избор и именување на нови членови на Управниот одбор.

III. Работен дел

1.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење за деловната 2023 година;
ПРИЛОГI_Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2023 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување на Годишен извештај за програмите, активностите и финансиското работење на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје за деловната 2023 година_220324.
2. Разгледување и усвојување на Завршна сметка и Даночен биланс на Здружението за деловната 2023 година;
ПРИЛОГI_Завршна сметка на Здружението за 2023 година;
ПРИЛОГII_Даночен биланс на Здружението за 2023 година
ПРИЛОГIII_Одлука за усвојување на Завршна сметка и Даночен биланс на Здружението за деловната 2023 година_220324.
3. Разгледување и усвојување Програма за работа на Здружението за деловната 2024;
ПРИЛОГI_Програма за работа на Здружението за 2024 година;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување Програма за работа и Работен план на здружението за деловната 2024 година_220324.
4. Разгледување и усвојување на ревидиран Стратешки план на здружението 2022-2025;
ПРИЛОГI_Стратешки план 2022-2025;
ПРИЛОГII_Одлука за усвојување ревидиран Стратешки план на здружението 2022-2025_220324.
5. Одлука за продолжување времетрање на закуп на деловен простор;
ПРИЛОГI_Одлука за продолжување времетраење на закуп на деловен простор_220324.
6. Прием на нови членови и одземање членство;
ПРИЛОГI_Одлука за одземање на членство на членови од редовите на заедницата и одземање членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_220324.
ПРИЛОГII_Одлука за прием на членови од редовите на заедницата и прием на членови на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_220324.
7. Разно.

4. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на Собранието имаат сите членови со право на глас кои пристапиле кон членство во Здружението поднесувајќи Пристапница за членство од редовите на заедницата, најдоцна до 14 дена пред денот на одржување на седница на Собранието.

На Собранието, членовите на Здружението ќе учествуваат лично, а во случај на спреченост да овластат полномошник да ги застапува со полномошно.

Претседателот на Собранието се стекнува со право да покани гости на Собранието без право на глас.

5. МАТЕРИЈАЛИ

Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје им се достапни на увид на сите членови со право на глас, од денот на објавување на овој Јавен повик, секој работен ден од 10 до 17 часот во просториите на Здружението.

Материјалите за Годишното Собрание на Здружението Стар-Стар Скопје во електронска и хартиена форма ќе бидат достапни за сите членови со право на глас, во холот на просториите каде ќе се одржува седницата на Собранието.

Во прилог ОДЛУКА за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2023 година во оригинална форма на следниов линк и

ЈАВЕН ПОВИК за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ за деловната 2023 година во оригинална форма на следниов линк.

Tags: ,