Врз основа на Одлуката за свикување Годишно собрание на членовите на Здружението за деловната 2021 година број 02-053/1 донесена од страна на Претседателот на ден 03.02.2022 година, член 24 став (2) од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010, 135/2011 и 55/2016) и член 18 од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од 15.12.2011 година, Претседателот на Собранието/Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 03.02.2022 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за свикување Годишно собрание на членовите на
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ
СТАР-СТАР СКОПЈЕ
за деловната 2021 година
- ДАТУМ, ЧАС И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Со Одлука за свикување на Годишно собрание на членовите на ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ донесена од страна на Претседателот на ден 03.02.2022 година, се свикува седница на Годишното собрание на членовите на Здружението за деловната 2021 година.
Годишното собрание ќе се одржи во Скопје, на ден 03.03.2022 година (четврток), со почеток во 12 часот.
Здружението по писмен пат ќе ги извести членовите за местото на одржување на Годишното собрание, не подоцна во рок од 3 дена пред денот на одржување на истото.
- РАБОТЕН ДЕЛ
За работа на седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:
Р А Б О Т Е Н Д Е Л
I.Процедурален дел;
II.Изборен дел;
III.Работен дел.
- ДНЕВЕН РЕД
За работа на седницата на Годишното Собрание на членовите на Здружението се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I.Процедурален дел
- Отворање на Годишното собрание на членовите на Здружението;
- Утврдување на кворум за работа на Собранието;
- Верификација на списокот на пријавени и присутни членови согласно Регистерот на членови на Здружението.
II.Изборен дел
- Избор и именување на членови на Комисија за гласање и Претседател на Комисијата за гласање;
- Избор и именување на Записничар на Собранието;
- Избор и именување на Оверувачи на записникот од Собранието.
III. Работен дел
- Разгледување и усвојување на Деловник за работа на Собранието;
ПРИЛОГ 3.1_ Деловник за работа на Собранието на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
- Разгледување и усвојување на Деловник за работа на Управен Одбор;
ПРИЛОГ 3.2_Деловник за работа на Управен Одбор на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
- Разгледување и усвојување на прeчистен текст на СТАТУТ на Здружението;
ПРИЛОГ 3.3_Статут на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР СКОПЈЕ_(Пречистен текст)_030322
- Разгледување и усвојување на Стратешки план на Здружението за 2022-2025 година;
ПРИЛОГ 3.4_Стратешки план 2022-2025 година на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
- Разгледување и усвојување на Програма за работа и Работен план за деловната 2022 година;
ПРИЛОГ 3.5_Програма за работа за деловната 2022 година на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
ПРИЛОГ 3.5.1_Работен план за деловната 2022 година на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
- Разгледување и усвојување на Правилник за набавка на стоки, добра и услуги на Здружение Стар-Стар Скопје;
ПРИЛОГ 3.6_Правилник за набавки на стоки, добра и услуги на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
- Разгледување и усвојување на Кодекс за отчетно и транспарентно управување и работење на Здружение Стар-Стар Скопје;
ПРИЛОГ 3.7_Кодекс за отчетно и транспарентно управување и работење на Здружение Стар-Стар Скопје_030322
- Разгледување и усвојување на Завршна сметка за деловната 2021 година;
ПРИЛОГ 3.8_Завршна сметка за деловната 2021 година_030322
- Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работата на Здружението за деловната 2021 година;
ПРИЛОГ 3.9_Годишен извештај за работата на Здружението за деловната 2021 година_030322
- Разгледување и усвојување на колективен став на Здружение СТАР-СТАР Скопје за правна регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија;
ПРИЛОГ 3.10_Колективен став на СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот за правна регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија_030322
- Прием на нови членови и одземање членство;
ПРИЛОГ 3.11_Регистер на членство на членови од редовите на заедницата_030322
ПРИЛОГ 3.11.1_Регистер на членство на поддржувачи на визијата, мисијата и вредностите на Здружението_030322
- Разно.
- Право на учество
Право на учество на Собранието имаат сите членови со право на глас кои пристапиле кон членство во Здружението поднесувајќи Пристапница за членство од редовите на заедницата.
На Собранието, членовите на Здружението ќе учествуваат лично, а во случај на спреченост да овластат полномошник да ги застапува со полномошно овластување.
Претседателот на Собранието се стекнува со право да покани гости на Собранието без право на глас.
- Материјали
Материјалите за Годишното собрание на Здружението Стар-Стар Скопје им се достапни на увид на сите членови со право на глас, од денот на објавување на овој Јавен повик, секој работен ден од 10 до 17 часот во просториите на Здружението.
Материјалите за Годишното собрание на Здружението Стар-Стар Скопје во електронска и хартиена форма ќе бидат достапни за сите членови со право на глас, во холот на просториите каде ќе се одржува седницата на Собранието.