Јавен повик за изработка на медиумски пакет за визуелен идентитет на СТАР-СТАР, Скопје

СТАР-СТАР – Здружение за поддршка на маргинализирани работници на ден 24.09.2019, објавува повик за изработка на медиумски пакет за маркетинг промоција на организацијата составен од:

  • Лого
  • Слоган
  • Визуелен приказ на веб-страница
  • Рекламен рол банер
  • Бизнис карти со контура
  • Меморандум
  • Промо пакет: фолдер, тефтер, пенкало

Дополнително, медиумскиот пакет треба да вклучува и брендирање на визуелните компоненти на организацијата:

  • Клучни бои на брендот и палета на бои
  • Фонт на букви
  • Типографија

1. Услови за учество

– Медиумскиот пакет составен од: лого, слоган, визуелен приказ на веб-страница, рекламен рол банер, бизнис карти со контура, меморандум и промотивен пакет за маркетинг промоција на организацијата, е неделлив и е предмет на една понуда;

– Предлог-идејните решенија треба да бидат подготвени во електронска верзија и/или во Power Point презентација;

– Ликовно-графичкиот израз на предложените решенија треба да биде во векторски формат (.ai, .eps);

– Предлог-идејните решенија треба добро да се однесуваат по својот квалитет во сите техники на печатење (дигитално печатење, „offset“ печатење, сито печат).

2. Начин на пријавување:

Секој од заинтересираните кандидати треба да достави:

– Предлог идејно решение за лого, слоган, визуелен приказ на веб-страница, рекламен рол банер, бизнис карти со контура, меморандум и промо пакет, секое од нив на македонски и англиски јазик;

– Финансиска понуда на пакетот со цена за изработка и откуп на авторски права и права од сопственост, изразени во денари со вклучен ДДВ за правни лица односно ПД за физички лица;

– Кратко професионално резиме со референтна листа на реализирани задачи со блиски карактеристики.

Нарачателот, предлог – идејните решенија од страна на понудувачот, ги очекува во рок од 14 дена од денот на објавување на повикот, најдоцна до 08.10.2019 година.

Комплетниот пакет со понуди, треба да се достави по електронски пат, на следнава електронска адреса: communications@starsexwork.org со назнака “Предлог медиумски пакет”.

3. Избор на понудувач:

Изборот на најповолна понуда ќе биде извршен од страна на Комисијата за избор на Здружението СТАР-СТАР, Скопје.

Понудите ќе се оценуваат според претходно утврдени критериуми за квалитет и цена на предлог идејно решение.

Нарачателот, ќе склучи Договор за пренос и откуп на авторски права и права од сопственост во рок од 15 дена со авторот на идејното решение од денот на завршување на огласот, по цена понудена во пакетот а прифатена од страна на Комисијата за избор.

Избраниот понудувач ќе има обврска да достави готови и комплетни идејни решенија во рок од 15 дена од денот на прифаќањето на понудата од страна на нарачателот, и рок од 30 дена на тестирање на веб-страницата.

4. Насоки за понудувачот:

Повеќе информации во однос на дејноста, програмите, активностите, постоечките лого и слоган на нарачателот СТАР-СТАР Скопје, може да прочитате на следниов линк: www.starsexwork.org