ЈАВЕН ПОВИК за избор на ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ

Врз основа на Одлуката за распишување избори за Претседател на Собрание и Претседател на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје донесена од страна на Претседателот и Управниот одбор на Здружението, број 02-094/1 од 01.03.2024 година и врз основа на Член 27 за начинот на избор на кандидат за Претседател од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од 03.03.2022 година, Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 01.03.2024 година објавува:

 

Ј А В Е Н П О В И К

за избор на ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА

МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ

 

 

I.Права и обврски на Претседателот

Претседателот на Здружението ги има следните права и обврски:
Претседателот свикува и подготвува седници на Собранието.
Претседателот заседава со седниците на Собранието.
Претседателот ги потпишува и спроведува одлуките, заклучоците и другите акти кои произлегуваат од работата на Собранието.
Претседателот ги потпишува и спроведува одлуките, заклучоците и другите акти кои произлегуваат од работата на Управниот одбор.
Претседателот го претставува и застапува Здружението во правниот промет со трети лица.
Претседателот е овластен застапник на Здружението.
Претседателот е потписник на сметките на Здружението.
Претседателот учествува во работата на Управниот одбор без право на глас.
Претседателот управува со извршната канцеларија на Здружението.
Претседателот управува со материјалните и човечки ресурси во Здружението.
Претседателот раководи со организациските активности на Здружението.
Претседателот го следи и контролира програмското, административното и финансиско работење на Здружението.
Претседателот донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии и ја насочува нивната работа.
Претседателот одлучува за изборот на вработените, вработува и разрешува вработени во Здружението.
Претседателот одлучува за изборот на ангажирани лица, склучува и раскинува договори во име на Здружението со надворешни соработници и трети лица.
Претседателот го набљудува и оценува работниот перформанс на вработените и ангажираните лица во Здружението.
Претседателот наградува и санкционира.
Претседателот се грижи за одржливоста на Здружението.
Претседателот се грижи за транспарентноста и отчетноста на Здружението.
Претседателот поднесува годишен извештај за својата работа до членовите на Собранието.
Претседателот врши и други работи во негова надлежност согласно законот, Статутот и општите акти на Здружението.

II. Задачи на Претседателот

Генерално, Претседателот меѓу другото:
Го промовира Здружението и ги застапува неговите цели и интереси пред трети страни;
Превзема мерки и дејствија во име на и за сметка на Здружението;
Потпишува акти за соработка со други домашни и странски правни лица;
Се грижи за правилна примена на законските прописи од областа на дејностите утврдени во Статутот на Здружението;
Се грижи за правилна примена на законските одредби од законот за Здруженија на граѓани и фондации;
Комуницира во име на Здружението со донатори, институции, партнери, мрежи и коалиции;
Го координира и управува развојот на стратешкиот план на Здружението;
Го координира и управува развојот на оперативниот годишен акциски план на Здружението;
Го координира и управува развојот на годишните програмски и финансиски извештаи на Здружението;
Го координира и управува развојот на проектните апликации на Здружението;
Ја надѕира работата на основаните работни тела, ангажираните волонтери и стручни соработници;
Склучува договори и ја следи имеплементацијата на одредбите од договорите;
Изнаоѓа можности и ги гради капацитетите на Здружението, неговите вработени, волонтери и членови;
Врши други сродни работи утврдени со Статут и Условите за работа (ToR);

III. Мандат на Претседателот

Претседателот има мандат во времетраење од четири (4) години со право на повторен избор до три (3) мандати или се додека Собранието не избере нов Претседател на Здружението.

IV. Плата

Претседателот ја извршува својата фукнција на волонтерска основа и за тоа не бара плата.
По договор, во согласност со постоечките буџетски можности од доделените проекти, Претседателот истовремено во улогa на проектно ангажирано лице може да прима плата и со тоа да ја одржува функцијата Претседател.

V. Критериуми

Кандидатите кои ќе се пријават на Јавниот повик за избор на Претседател мора да ги исполнуваат следните услови:

-да бидат државјани на Република Северна Македонија;
-да бидат членови на Здружението со право на глас во моментот на поднесување на кандидатура;
-познавање на англиски јазик;
-способност за работа на компјутери (MS Office, Excel);
-да имаат завршено најмалку 30 дена вкупно дополнително неформално образование (обуки, работилници, семинари, итн) во областите на делување на Здружението;
-најмалку 10 години работно искуство во граѓански здруженија, организации или фондации;
-најмалку 5 години работно искуство во областите на делување на Здружението;
-одлично познавање на одредбите од законот за здруженија на граѓани и фондации;
-одлично познавање на граѓанското општество во државата, и на билатералната и меѓународната донаторска заедница, особено во областите на делување на Здружението;

VI. Пријавување

Јавниот повик ќе се објави на интернет страницата на Здружението на ден 01.03.2024 година и истиот ќе биде со времетраење од четиринаесет (14) календарски дена сметајќи го и денот на објавување на повикот, заклучно до 14.03.2024 година, до 16 часот.

За да се пријави на повикот, кандидатот мора да достави:

▪ доказ за државјанство на Република Северна Македонија;
▪ доказ за членство во Здружението (копија од Пристапница за членство од редовите на заедницата);
▪ професионална биографија на македонски или англиски јазик;
▪ писмо за мотивација за извршување на функцијата Претседател;

Потребните документи за пријава на Јавниот повик, кандидатот треба да ги достави по електронски пат (Word, PDF, JPG) формат на електронската адреса на Здружението: star.contact@yahoo.com со назнака во Предмет на пораката Пријава по Јавен повик за избор на Претседател најдоцна до 14.03.2024 година до 16 часот.

VII. Избор

Претседателот се избира од Собранието на Здружението.
При изборот, предност ќе им биде дадена на кандидатите кои со својата кандидатура ќе прикажат релевантно искуство во учество на домашни и меѓународни работни групи и одлучувачки тела, сродни на дејностите на Здружението, како и учество во пишување, развој и публикување на сродна стручна литература.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе поднесат своја кандидатура за извршување на функцијата Претседател по Јавниот повик, ќе бидат поканети да учествуваат на првата наредна седницата на Годишното собрание на Здружението и да ја претстават својата кандидатура пред членовите на Собранието.

Изборот на Претседател по Јавниот повик за избор на ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ ќе се одржи за време на седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението, закажано за ден 22.03.2024 година.

Во прилог ОДЛУКА за распишување избори за Претседател на Собрание и Претседател на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје во оригинална форма на следниов линк и

ЈАВЕН ПОВИК за избор на ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ во оригинална форма на следниов линк.

Tags: ,