Врз основа на Одлуката за распишување избори за Претседател на Собрание и Претседател на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје донесена од страна на Претседателот и Управниот одбор на Здружението, број 02-272/1 од 12.05.2021 година и врз основа на член 19 за начинот на избор на Претседател од Статутот на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (Пречистен текст) од 15.12.2011 година, Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје (во понатамошниот текст само Здружението) на ден 12.05.2021 година објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
За избор на ПРЕТСЕДАТЕЛ на СОБРАНИЕ истовремено ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ
I.Должности, права и обврски
Претседателот на Собранието е истовремено Претседател на Здружението.
Претседателот заседава со седниците на Собранието, постапува и ги исполнува одлуките на Собранието како највисок орган на Здружението.
Претседателот ја уредува и раководи секојдневната работа на канцеларијата на Здружението, осигурувајќи целосна имплементација на стратешките и програмски насоки и цели на Здружението.
Претседателот ангажира, вработува и управува со човечките ресурси на Здружението.
Претседателот ја има клучната улога во обезбедување финансиска одржливост на Здружението во тесна соработка со извршните тела и канцеларијата на Здружението.
Претседателот е законски застапник на Здружението и потписник на банкарските сметки на Здружението.
Претседателот се впишува како вистински сопственик на Здружението во Централниот регистер согласно законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Претседателот ги превзема сите задачи, права и обврски утврдени во Статутот на Здружението.
Претседателот за својата работа одговара пред членовите на Собранието како највисок орган на Здружението.
II. Задачи
Генерално, Претседателот меѓу другото:
- Го промовира Здружението и ги застапува неговите цели и интереси пред трети страни;
- Превзема мерки и дејствија во име за и сметка на Здружението;
- Потпишува акти за соработка со други домашни и странски правни лица;
- Се грижи за правилна примена на законските прописи од областа на дејностите утврдени во Статутот на Здружението;
- Се грижи за правилна примена на законските одредби од законот за Здруженија на граѓани и фондации;
- Комуницира во име на Здружението со донатори, институции, партнери, мрежи и коалиции;
- Го контролира административното, финансиското и програмското работење на Здружението;
- Носи Одлуки и именува Комисии за избор;
- Го координира и управува развојот на стратешкиот план на Здружението;
- Го координира и управува развојот на оперативниот годишен акциски план на Здружението;
- Го координира и управува развојот на годишните програмски и финансиски извештаи на Здружението;
- Го координира и управува развојот на проектните апликации на Здружението;
- Ја надѕира работата на основаните работни тела, ангажираните волонтери и стручни соработници;
- Ангажира и разрешува вработени и други стручни соработници на Здружението;
- Склучува договори и ја следи имеплементацијата на одредбите од договорите;
- Изнаоѓа можности и ги гради капацитетите на Здружението, неговите вработени, волонтери и членови;
- Врши други сродни работи утврдени со Статут и Условите за работа (ToR);
III. Времетраење на мандат
Согласно Статутот на Здружението, Претседателот се избира со мандат во времетрање од четири (4) години.
IV. Плата
Претседателот ја извршува својата фукнција на волонтерска основа и за тоа не бара плата.
По договор, во согласност со постоечките буџетски можности од доделените проекти, Претседателот истовремено во улога на Проектен координатор може да прима плата и со тоа да ја одржува функцијата Претседател.
V. Критериуми
Кандидатите кои ќе се пријават на Јавниот повик за вршење на функцијата Претседател мора да ги исполнуваат следните услови:
▪ да бидат државјани на Република Северна Македонија;
▪да бидат членови на Здружението со право на глас во моментот на поднесување на кандидатура;
▪ одлично познавање на англиски јазик;
▪ способност за работа на компјутери (MS Office, Excel);
▪ да имаат завршено најмалку 30 дена вкупно дополнително неформално образование (обуки, работилници, семинари, итн) во областите на делување на Здружението;
▪ најмалку 10 години работно искуство во граѓански здруженија, организации или фондации;
▪ најмалку 5 години работно искуство во областите на делување на Здружението;
▪одлично познавање на одредбите од законот за здруженија на граѓани и фондации;
▪ одлично познавање на граѓанското општество во државата, и на билатералната и меѓународната донаторска заедница, особено во областите на делување на Здружението;
VI. Пријавување
Јавниот повик ќе се објави на интернет страницата на Здружението на ден 12.05.2021 година и истиот ќе биде со времетраење од седум (7) дена сметајќи го и денот на објавување на повикот, заклучно до 18.05.2021 година, до 16 часот.
За да се пријави на повикот, кандидатот мора да достави:
▪ доказ за државјанство на Република Северна Македонија;
▪ доказ за членство во Здружението (копија од Пристапница за членство од редовите на заедницата);
▪ професионална биографија на македонски или англиски јазик;
▪ писмо за мотивација за извршување на фукнцијата Претседател;
Потребните документи за пријава на Јавниот повик, кандидатот треба да ги достави по електронски пат (Word, PDF,JPG) формат на електронската адреса на Здружението: star.contact@yahoo.com со назнака во Предмет на пораката Пријава по Јавен повик за избор на Претседател најдоцна до 18.05.2021 година (среда) до 16 часот.
VII. Избор
При изборот, предност ќе им биде дадена на кандидатите кои со својата кандидатура ќе прикажат релевантно искуство во учество на домашни и меѓународни работни групи и одлучувачки тела, сродни на дејностите на Здружението, како и учество во пишување, развој и публикување на сродна стручна литература.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе поднесат своја кандидатура за извршување на функцијата Претседател по Јавниот повик, ќе бидат поканети да учествуваат на седницата на Годишното собрание на Здружението и да ја претстават својата кандидатура пред членовите на Собранието.
Изборот на Претседател по Јавниот повик на Здружението за избор ПРЕТСЕДАТЕЛ на СОБРАНИЕ истовремено ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ РАБОТНИЦИ СТАР-СТАР СКОПЈЕ ќе се одржи за време на седницата на Годишното собрание на членовите на Здружението, закажано за ден 21.05.2021 година.