Јавен повик за избор на експерт за развој на извештај за политики за носителите на одлуки во врска со зајакнувањето на родовата чувствителност на Националната стратегија за ХИВ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 25.09.2023 година, објавува Јавен повик за избор на експерт за развој на извештај за политики за носителите на одлуки во врска со зајакнувањето на родовата чувствителност на Националната стратегија за ХИВ.

ВОВЕД

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.

Ова истражување се спроведува во рамки на програмските активности на Здружението СТАР-СТАР Скопје, преку проектот „Мобилизација на заедницата со цел да се надомести намаленото финансирање и родовата нееднаквост во Националните програми за ХИВ за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Евроазиската коалиција на клучни популации (EKPC) во рамки на програмата „ХИВ и род“.

ОПИС НА ЕКСПЕРТСКИТЕ УСЛУГИ

Експертот треба да развие и испорача извештај за политики за носителите на одлуки во врска со зајакнувањето на родовата чувствителност на Националната стратегија за ХИВ – според наодите од прибраните податоци помеѓу клучните популации во пристапот до сервиси за ХИВ во Република Северна Македонија. Прибирањето на податоците се спроведуваше преку партиципативно истражување базирано на структуриран прашалник, развиен и спроведен со директна вклученост на клучните популации (женски, машки, трансродови сексуални работници, МСМ и лица што живеат со ХИВ).

Целите на ова истражување се:

  1. Да ги утврди и документира главните проблеми и бариери со кои се соочуваат клучните популации во пристапот до сервиси за ХИВ во Република Северна Македонија, и
  2. Да понуди конкретни насоки и препораки за унапредување на родовата чувствителност на програмите за ХИВ во Република Северна Македонија.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ

  • Да направи анализа на квантитативните и квалитативните наоди од прибраните податоци преку истражувањето спроведено помеѓу клучните популации во 2023 година;
  • Да спроведе деск истражување на секундарни извори на податоци и информации;
  • Да изготви и испорача наративен извештај од истражувањето, вклучувајќи заклучоци и препораки кои ќе се темелат на наодите од истражувањето и прибраните податоци преку истражувањето спроведено помеѓу клучните популации во 2023 година.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

За работниот ангажман е предвиден еднократен хонорарен надомест во БРУТО износ од 700 долари во денарска противвредност по курс утврден по прием на средствата од страна на донаторот, а врз основа на авторски договор за експертски услуги.

Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 13.10.2023 година.

КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР

Експертот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

  • Искуство како истражувач во областа на здравствената заштита и правата на лицата што живеат со ХИВ и други сродни дисциплини или во доменот на правата на маргинализираните заедници;
  • Општо познавање на правната рамка за здравствена заштита во Република Северна Македонија;
  • Способности за планирање, организација и навремено исполнување на зададените задачи.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Претходно искуство во развој на слични извештаи;
  • Искуство или познавања од областа на здравствените права на сексуалните работници и останатите маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратко писмо за интерес кое вклучува:

– Опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот;

– Кратка предлог методологија со временска рамка за развој на извештајот;

– Линк до најмалку едно спроведено публикувано истражување кое го носи името на авторот/апликантот од иста или слична област на истражување.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите со назнака на пораката Јавен повик за експерт – развој на извештај за политики да се достават на следнава електронска пошта: star.contact@yahoo.com најдоцна до 28.09.2023 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на експерт по електронски пат најдоцна до 29.09.2023 година до крајот на работниот ден.

Со кликнување на овој линк можете да го прочитате Jавниот повик за избор на експерт за развој на извештај за политики за носителите на одлуки во врска со зајакнувањето на родовата чувствителност на Националната стратегија за ХИВ во оригиналната форма.

Tags: , ,