ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ ЗА ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје на ден 05.10.2023 година, објавува Јавен повик за избор на експерт за дигитална безбедност кој ќе придонесе кон градење на организациските капацитети и свесност во одговорот кон заканите за човековите права во дигиталната ера.

ВОВЕД

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество. При тоа, СТАР-СТАР ги мобилизира сексуалните работници за нивно активно учество во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Отпорноста на сексуалните работници во дигиталната ера“ со цел да се зајакнат организациските и капацитетите на сексуалните работници за справување со дигиталните закани врз човековите права, со поддршка од фондацијата Hivos, преку грантовиот механизам Digital Defenders Partnership (DDP).

ОПИС НА ЕКСПЕРТСКИТЕ УСЛУГИ

Избраниот експерт треба да спроведе проценка на капацитетите за дигитална безбедност на лидерските и менаџерските структури во организацијата, како и да развие и испорача обука за преставниците од лидерските и менаџерските структури од областа на дигиталната безбедност и одговор на заканите за човековите права во дигиталната ера.

Целите на овие активности се унапредување и развој на пристапите за заштита на човековите права во дигиталната ера, кај лидерските и менаџерските структури во единствената организација предводена од сексуални работници во Република Северна Македонија.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ

1. Да спроведе проценка и анализа на капацитетите и вештините за дигитална безбедност на лидерските и менаџерските структури во организацијата преку:

  • Подготовка на прашалник,
  • Спроведување на интервјуа со вработени и ангажирани лица во организацијата, и
  • Подготовка и испорака на анализа од проценката на капацитетите.

2. Да спроведе дводневна обука за зајакнување на дигиталните капацитети и вештини за заштита на човековите права во дигиталната ера за лидерските и менаџерските структури во организацијата, вклучувајќи:

  • Подготовка и испорака на програма за спроведување на дводневна обука согласно извршената проценка од точка 1 од работните задачи на експертот,
  • Подготовка на материјали кои ќе се користат за време на обуката,
  • Подготовка на методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Подготовка на наративен извештај за спроведената обука.

Избраниот експерт работниот ангажман ќе го извршува во блиска соработка со лице назначено како претставник на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР, а по потреба и со останатите ангажирани лица во организацијата.

ИНФОРМАЦИИ ЗА АНГАЖМАНОТ

За работниот ангажман кој се состои од вкупно 8 (осум) консултантски денови предвиден е надомест во БРУТО износ од по 150 долари (по еден консултантски ден) во денарска противвредност по курс утврден по прием на средствата од страна на донаторот, или вкупно надомест во БРУТО износ од 1200 долари за севкупниот ангажман, а врз основа на авторски договор за експертски услуги.

Краен рок за спроведување на работниот ангажман е 30.11.2023 година.

КВАЛИФИКАЦИИ И КРЕТИРИУМИ ЗА ИЗБОР

Експертот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

  • Завршено образование или искуство во полето на дигиталната безбедност и/или заштита на човековите права;
  • Претходно искуство во спроведување на слични проценки и обуки од областа на дигиталната безбедност;
  • Општо познавање на правната рамка за дигитална безбедност во Република Северна Македонија;
  • Способности за планирање, организација и навремено исполнување на зададените задачи.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Искуство или познавања од областа на правата на сексуалните работници или останати слични маргинализирани заедници во Република Северна Македонија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратко писмо за интерес кое вклучува:

–  Опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот и

– Кратка предлог методологија со временска рамка за спроведување на проценката и обуката.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите со назнака на пораката Јавен повик за експерт за дигитална безбедност да се достават на електронската пошта: star.contact@yahoo.com најдоцна до 11.10.2023 година до 16:00 часот (Рокот за аплицирање е продолжен до 18.10.2023 до 16:00 часот) Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на експерт по електронски пат најдоцна до 13.10.2023 година (20.10.2023 година) до крајот на работниот ден.

Со кликнување на овој линк можете да го прочитате Jавниот повик за избор на експерт за дигитална безбедност во оригиналната форма. 

Tags: , ,