Подесувања за колачиња

Користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да навигирате и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња под секоја категорија на колачиња.

Колачињата што се категоризирани како „неопходни“ се складираат на вашиот интернет прелистувач бидејќи тие се есенцијални за овозможување на основните функционалност на веб-сајтот.... 

Секогаш активни

Неопходните колачиња се потребни за да се овозможат основните функционалности на овој веб-сајт, како што се обезбедување на безбедно најавување или прилагодување на вашите преференции на согласноста за колачиња. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци што може да ве идентификуваат.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето одредени функционалности како споделување на содржините на веб-сајтот на социјалните мрежи, прибирање повратни информации и друго.

Аналитичките колачиња се користат заради добивање увид во и разбирање на интеракцијата на посетителите со веб-сајтот. Тие помагаат во прибирањето статистички податоци, како на пример бројот на посетители, демографски податоци за нив, изворот на интернет сообраќајот до нашиот веб-сајт, итн.

Перформансните колачиња се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси на перформансите на веб-сајтот што помага во испорачувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Рекламните колачиња се користат за да им се овозможат на посетителите прилагодени реклами врз основа на страниците што претходно ги посетиле и за анализа на ефикасноста на рекламните кампањи.

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на обучувач за испорака на еднодневна обука

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, објавува јавен повик за избор на обучувач за испорака на еднодневна „Обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за управните и раководните структури на Здружението СТАР-СТАР Скопје“.

Вовед

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, непартиска и непрофитна организација, колективно предводена од сексуални работници и претставува прв и единствен колектив од таков облик кај нас. СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во кој жените, трансродовите и мажите сексуални работници вклучени во доброволната сексуална работа слободно живеат и работат, а почитувањето на нивните основни човекови права и слободи, се водечки принципи на демократско и праведно општество.

Оваа обука ќе се спроведе во рамки на проектот „Охрабрени сексуални работници против дискриминација“ кој има за цел да го зајакне граѓанскиот одговор со кој се промовираат и унапредуваат принципите на недискриминација и еднаквост на човековите права на сексуалните работници. Проектот се реализира во рамки на програмата „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Опис на испорачани услуги

Обучувачот треба да подготви и испорача еднодневна „Обука за запознавање со механизмите за заштита од дискриминација за управните и раководните структури на Здружението СТАР-СТАР Скопје“ наменета за 8 претставници од организацијата, која има за цел да ги зајакне и унапреди вештините кај ангажираните лица за искористување на механизмите за заштита од дискриминација во процесите на застапување за правата на сексуалните работници.

Обуката треба да ги опфати следниве теми:

  • Правна рамка и институционална заштита од дискриминација;
  • Механизми за заштита од дискриминација во процеси за застапување;
  • Воспоставување на ефективна соработка на граѓанските организации со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Обучувачот ќе треба да ја подготви обуката во соработка со проектниот тим и претставник од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кој ќе одржи една сесија на обуката како гостин предавач, со цел градење на непосредна врска помеѓу организацијата и Комисијата.

Задачи на обучувачот

  • Да развие методологија и агенда за обуката;
  • Да подготви материјали за обуката кои ќе ги сподели со проектниот тим;
  • Да ја спроведе обуката во координација со проектниот тим;
  • Да изготви и поднесе краток писмен извештај, најдоцна 7 работни дена по завршувањето на обуката.

Информации за ангажманот

Предвиден датум за одржување на оваа обука е 10 март 2023 година. Местото на одржување на обуката ќе биде дополнително определено. За предвидениот ангажман (подготовка и испорака на обуката и подготовка и испорака на извештај) е предвиден еднократен хонорарен надомест од 6.200 денари во бруто износ.

Потребни квалификации

Обучувачот треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

  • Да поседува професионално искуство во заштитата од дискриминација како област и искуство во спроведување обуки во истата област;
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Потребни документи

  • Кратко писмо за интерест со опис на искуството, квалификациите и вештините потребни за ангажманот и кратка предлог методологија и агенда за работа за обуката во времетрање од 6 ефективни работни часа.

Начин на аплицирање

Документите со назнака на пораката Јавен повик за обучувач да се достават на електронска пошта star.contact@yahoo.com и micov@starsexwork.org најдоцна до 06.03.2023 година до 16:00 часот. Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани. Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на обучувач по електронски пат најдоцна до 07.03.2023 година до крајот на работниот ден.

Со кликнување на овој линк можете да го прочитате Jавниот повик за ангажирање на обучувач за испорака на еднодневна обука во оригиналната форма. 

Tags: