ЈАВЕН ПОВИК За ажурирање на членство и нови членови и/или поддржувачи на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

Врз основа на Одлуката за распишување на Јавен повик за ажурирање на членство и нови членови и/или поддржувачи на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, број 02-051/1 донесена на 01.02.2021 година, Одлуката за усвојување на Протокол за членство на Здружението со број 02-470/1 од 09.11.2020 година и Протоколот за членство на Здружението, број 02-470/2 од 09.11.2020 година, Здружението СТАР-СТАР Скопје на ден 01.02.2021 година распишува ЈАВЕН ПОВИК за ажурирање на членство и нови членови и/или поддржувачи.

Во рамки на подготвителните активности за организациско реструктурирање и свикување на Годишно Собрание на Здружението, СТАР-СТАР Скопје работеше на уредување и дефинирање на условите за членство во Здружението.

Како резултат на овој процес, Здружението разви и воспостави сеопфатен извршен документ Протокол за членство во организацијата со кој се уредуваат и дефинираат начините на членување во Здружението, правата и должностите на членовите, видот на членство, како и начинот на кој се води евиденцијата на членовите, согласно постоечките позитивни законски прописи.

Член во Здружението СТАР-СТАР Скопје може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија, без оглед на род, пол, сексуална ориентација, етничко потекло, верска припадност, социјален и работен статус кој доброволно ќе пристапи кон Здружението. При тоа, се препознаени два вида на членови и тоа, членови од редовите на заедницата која што Здружението ја застапува и членови кои се поддржувачи на визијата, мисијата, целите и вредностите на Здружението.

ВИЗИЈА

СТАР-СТАР се залага за свет без насилство во коj сексуалните работници слободно живеат и работат, а почитувањето на основните човекови права и слободи се основни принципи на демократско и толерантно општество.

МИСИЈА

СТАР-СТАР има за цел да ги заштитува и застапува сексуалните работници во општеството, преку активна соработка со државните институции, граѓанскиот сектор и медиумите на локално, национално и меѓународно ниво.

СТАР-СТАР ги мобилизира и интегрира сексуалните работници во процесот на градење на капацитетите и организацискиот раст и развој.

ВРЕДНОСТИ

  • Вклученост на сексуалните работници во процесите на креирање политики и донесување одлуки на сите организациски нивоа;
  • Солидарност со сите кои ги делат истите заложби, принципи и вредности во процесот на креирање демократско и отворено општество;
  • Транспарентност во однос на постоење механизми кои подразбираат отвореност и отчетност во рамки на организациските принципи, програми и активности;
  • Вмрежување и партнерство со споделување на правата, обврските и одговорностите за постигнување заеднички цели;
  • Видливост преку јавно делување во граѓанското општество.

Зачленувањето во Здружението се врши со пополнување и поднесување на соодветна пристапница за членство, односно:

Со овој Јавен Повик, ги повикуваме сите досегашни членови да го ажурираат своето членство согласно Протоколот за членство во организацијата и пополнување на соодветна пристапница, со цел ажурирање на податоците за членството.

Редовните и активните членови од заедницата имаат право да избираат или да бидат избрани како членови на органите на здружението и да учествуваат како делегати на Генералното Собрание. Овие членови имаат право на глас во одлучувачки процеси на здружението и Генералното Собрание и може да бидат носители на извршни функции или да бидат активно вклучени во работата на здружението.

Водени од визијата и мисијата кои ги негуваме една деценија, ги охрабруваме и повикуваме сите досегашни и идни членови, во следните 30 дена (најдоцна до 02.03.2021 година, до крајот на денот) да пристапат кон ажурирање или пристап кон членство.

 

Одговорно лице за контакт со членови:

Лила Милиќ

Електронска пошта: milikj@starsexwork.org

Телефон за контакт: 070/399-199

Tags: , ,