Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година

Министерство за економија објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, со цел да обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Министерството за економија доделува финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари. 

Критериумите и документите кои треба да се достават се следниве:

Наменет е за лица/домаќинства со ниски месечни примања и тоа според следната скала:

* самец до 15.194 денари

* домаќинство со два члена до 18.000 денари

* домаќинство со три члена до 21.000 денари

* домаќинство со четири члена до 25.000 денари и

* домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.

Важно е да се знае дека лица од ранливи групи кои се корисници на ГМП (гарантирана минимална помош) и кои веќе користат паричен додаток за дел од трошоците за енергија НЕ ИМ СЛЕДУВА ПОДДРШКА ОД ОВОЈ ОГЛАС.

Потребни документи за аплицирање се следниве:

* Пополнето Барање за финансиска поддршка – https://economy.gov.mk/Upload/Documents/obrazec_baranje_ranlivi_2022.doc

* Пополнета Изјава за домаќинство заверена на нотар – https://economy.gov.mk/Upload/Documents/Izjava_notar_1.docx или пополнета Изјава за самец заверена на нотар – https://economy.gov.mk/Upload/Documents/Izjava_notar_samec.docx

* Потврда од работодавец за висина на исплатена плата во 2021 година или извештај од банка за исплатена пензија во 2021 година (за приматели на пензија) и извод од банка за сите трансакциски сметки за 2021 година за подносителот и членовите на домаќинството (доколку се вработени или пензионери);

* потврда од Агенција за вработување дека членовите на домаќинството не се вработени и/или потврда од ПИОМ дека членот на домаќинството не е примател на пензија;

* фотокопија од лична карта на барателот како и за полнолетните членови од домаќинството, извод од матична книга за малолетните лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинство;

* фотокопија од последната сметка за електрична енергија за 2021 година.

Рокот за пријавување е до 11 февруари 2022 година.

Сите заинтересирани лица од нашата заедница на сексуални работници/-чки може да ги исконтакитираат параправниците и социјалниот работник на СТАР на следниов телефонски број: 070/399-199, со цел да добијат подетални информации и насоки за аплицирање за добивање на финансиска поддршка, како и помош во пополнување на документите за аплицирање.

Tags: , , ,