Сексуална работничка од Шведска го изгубила старателството над нејзиното дете поради својата работа
Östra Göinge, Шведска, 13 Јануари, 2018.
Една мајка која работела како сексуална работничка во Östra Göinge, едно село во Шведска го изгубила својот син поради својата професија. Таа ги нудела своите сексуални услуги преку Интернет. Почнала да работи како сексуален работник откако паднала во финансиски проблеми кога нејзиниот син имал само три месеци. Таа ги канела своите клиенти во сопствениот стан нудејќи им сексуални услуги за пари. Нејзината месечна заработка изнесувала околу 2.000-2.300 евра месечно.
“Мајката и нејзиниот син најчесто живееле изолирани од светот, освен за посетите од нејзините клиенти. Многу често се случувало клиентите да го прекинат сексот со мајката кога бебето ќе се разбудело. Неговото креветче било веднаш до креветот на мајката. Мајката се изјаснила дека детето во ниедна ситуација не изгледало исплашено, но сепак било љубопитно за тоа што се случува. Откако ќе се разбудело, мажите веднаш си заминувале од дома, особено оние кои имале деца, сфаќајки ја целосно ситуацијата,“ се вели од Управниот суд.
Сè се разоткрило откако едно засегнато лице ја пријавило мајката во социјална служба, при што синот веднаш и бил одземен. Ова се случило без никаква претходна формална проценка на ситуацијата, иако активностите на мајката беа потврдени преку нејзините онлајн реклами.
In Sweden we just found out that a mother lost custody of her baby because she was a sex worker and now an ambassador for the green party @miljopartiet, @mptukia has been forced out of politics after stating that sex work is work and that sex workers have human rights.
— Fuckförbundet (@fuckforbundet) January 15, 2018
Управниот суд особено става акцент на фактот што мајката ги поканувала своите клиенти во нејзиниот дом. Според судот, постоел значителен ризик дека здравјето и развојот на детето ќе бидат оштетени од целокупната ситуација.
Откако детето и било одземено, мајката веднаш ги прекинала своите услуги. Сепак, Управниот суд сметал дека се уште постои ризик дека ќе го повтори своето однесување и затоа одлучил дека синот треба да остане под државната заштита согласно Законот за грижа на млади. Покрај тоа, судот утврдил дека мајката покажала рамнодушност во однос на безбедноста и заштитата на нејзиниот син, со тоа што ги носела непознатите мажите во својот стан.
Наместо сексуална работа, мајката сега е во потрога по друга работа, а во меѓувреме, аплицирала за социјална поддршка од владата, иако смета дека сепак нема да може да заработува толку колку што заработувала како сексуална работничка. Мајката, исто така, изјавила дека е во постојан контакт со нејзината мајка, која ветила дека ќе и помогне.
Според Управниот суд, таа е “загрижена за последиците на нејзиниот син”. Исто така, може да поднесе жалба против одлуката на судот во Административниот апелационен суд во Гетеборг во рок од три недели.
Превод од СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот. Овој превод првпат беше објавен на веб-страницата на СТАР.
“СТАР СТАР се залага за свет без насилство во кое сексуалните работници слободно работат, а почитувањето на основните човекови права и слободи се основни принципи за демократско и толерантно општество. СТАР СТАР има за цел да ги заштитува и застапува сексуалните работници во социјалниот, правниот и здравствениот систем во општеството, преку активна и блиска соработка со државни институции, граѓански сектор и медиуми на локално и меѓународно ниво.”
Можете да ги следите на Твитер и Фејсбук.
Превод за SWAT од страна на Ophelia Eglentyn од Fuckförbundet, здружение основано во Шведска во 2017 година, од и за сексуалните работници.
“Нашите две клучни функции се да ја поддржиме заедницата во која се вклучени сите сексуални работници од Шведска и да се подигне свеста за правата на сексуалните работници и негативните влијанија од сегашниот закони. … Доколку вашата феминистичко верување ги исклучува маргинализираните групи на луѓе тогаш не сте достојни да го носите тоа име.”
Можете да ги следите Fuckförbundet на Twitter, Facebook и Instagram.
Сексуалните работници и сојузниците преведуваат, Уредување + дизајн
“СРСП има за цел да стане мрежа на сексуални работници и нивни сојузници кои можат да преведуваат, уредуваат и дизајнираат извештаи, известувања, академски, блоговски и новинарски статии, презентации, постери, дури и описи на фотографии со цел да споделат знаење во врска со сексуалната работа и да премостат културолошки и јазични бариери.”
Ве молиме кликнете тука за информации за SWAT на 18 јазици. Те молам контактирајте го SWAT преку е-пошта ако сакате да придонесете со своите вештини. Исто така, вие сте поканети да се придружите на SWAT Фејсбук групата.
1 Шведскиот оригинал на оваа статија е напишан од Карл-Јохан Лиледахл и првпат е објавен како “Barn till prostituerad omhändertas” (Дете на проститутка одземено од социјални служби) во Kristianstadsbladet (13 јануари, 2018 година). Термините “проституција / проститутка” и “купувач на секс” се заменети со “сексуална работа / сексуален работник” и “клиент”. Авторските права за оригиналниот напис се на Kristianstadsbladet.
Сликите и твитовите во текстот не се појавуваат во оригиналната статија. Преводот на статии не значи поддршка на наслови, слики, термини кои се користат или пак ставови изразени во текстот, како и поддршка на авторите кои ги пишуваат или медиумски куќи кои ги објавуваат истите.
Фото: 12019/10269 Images Илустрација: Kurios (Pixabay); Фонт: Last Soundtrack[:]