Од 6 до 8 јуни 2001 година во Италија, за време на 49-тото Венециско уметничко биенале, кога се родил светскиот симбол на меѓународното движење на сексуалните работници – Црвениот чадор.
Италијанските сексуални работници марширале по улиците на Венеција со црвени чадори, како дел од проститутскиот павилјон и CODE: Црвената уметничката инсталација на словенечкиот уметник Тадеј Погачар.
Сексуалните работници додека се движеле по улиците на Венеција со црвени чадори на мегафони говореле за лошите работни услови и злоупотребата на човековите права со кои се соочуваат. Маршот започнал во шаторот на павилјонот и поминал низ центарот на градот.
Во тој период, шест сексуални работници од различни земји (Тајван, Тајланд, Италија, Камбоџа, Германија, САД и Австрија) организирале настан и марширале по улиците на Венеција со црвени чадори, следејќи ја општествената патека на сексуалните работнички – од легендарните венециски куртизани Вероника Франко и Гаспара Стампа, па сè до денешни времиња.
За некои сексуални работници, црвената е боја на љубовта, а други пак сметаат дека чадорот симболизира заштита од нападите кои доаѓаат и од небото, а и од луѓето. Црвениот чадор симболизира заштита од злоупотребата на која се изложени сексуалните работници од страна на полицијата, макроата, клиентите и неинформираното и закоравено општество.
Во Скопје на улица „Македонија“, минатата година по десетти пат се одржа марш на црвените чадори, во рамки на меѓународниот ден „Стоп за насилството врз сексуалните работници“, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.
Воедно се случи и уметничкиот перформанс „Скопје ред лајт дистрикт“ кој претставуваше уметничка инсталација со цел да го отслика шармот на улицата на црвените фенери со бордели во Амстердам. Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот.
Уметничката инсталација беше пораката да престане насилството врз сексуалните работнички и да продолжи јавно да се зборува за нивните проблеми и права.