Хуманитарна акција за помош на сексуалните работници во Гостивар и Струмица

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, ја спроведе втората од серијата на хуманитарни акции во регионалните ограноци, Гостивар и Струмица. Во денешната акција дистрибуиравме 10 пакети со основни прехрамбени и хигиенски производи за 10 сексуални работници кои се наоѓаат во исклучително тешка финансиска состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата.

Продолжуваме и понатаму со обезбедување на материјална помош за сексуалните работници кои не се во можност да работат поради ограничувањата на Владата за превенција и заштита од Корона вирусот.

Воедно, сакаме да искажеме голема благодарност до семејството Велески од Прилеп за нивната донација од 50 заштитни маски и 50 заштитни ракавици, кои исто така беа поделени на сексуалните работници.

Проследете го нашиот Апел за помош на сексуалните работници во Република Северна Македонија на следниов линк:

ДОНИРАЈ!НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ!

ЗА ДОНАЦИИ ОД ДОМА

Број на жиро с-ка:

СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ

210-065896341011

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

Поддржете ги сексуалните работници за време на кризата со КОВИД-19. Секоја донација е добредојдена!

Во прилог погледнете неколку фотографии од хуманитарната акција во Гостивар и Струмица:

 

Tags: , ,