ХИВ и трансродовите лица (Видео)

СТАР-Прв Колектив на Сексуални Работници на Балканот во соработка со ТрансФормА-Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија изработија кратко видео за застапување кое ги истакнува приоритетните потреби на трансродовите лица во врска со ХИВ и здравствените услуги.

Ова видео беше промовирано на еднодневната обука за зајакнување на капацитетите при донесување на одлуки за ХИВ, која се оддржа на 09.09.2020, и на која учество земаа вкупно 10 трансродови лица.

Снимањето на видеото „ХИВ и трансродовите лица“ е во рамките на проектот „Подобрени ХИВ програми конкретно за трансродови лица во Република Северна Македонија“ поддржан од Eurasian Key Populations Health Network – EKHN.