„ХИВ И РОД“ – Барања и потреби на трансродовите луѓе во однос на ХИВ превенција во Р.С. Македонија

„ХИВ И РОД“ претставува документ кој е изработен од самата заедница на трансродови лица во Република Северна Македонија, по утврдување на потребите и проблемите на трансродовите луѓе.

СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот во соработка со неформалната иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија – ТрансФормА спроведе истражување за потребите на трансродовите луѓе преку организирање онлајн фокус група со учество на 8 трансродови лица. На оваа онлајн средба се дискутираше за нивните потреби и проблеми во врска со прашања поврзани со ХИВ и пристапот до социјални, правни и здравствени услуги во Република Северна Македонија, според претходно утврден прашалник. Од добиената анализа од истражувањето се изработи документ „ХИВ и РОД“ – документ за барањата и потребите на трансродовите луѓе во однос на ХИВ превенција во Р.С. Македонија.

Овој документ беше презентиран пред членови на Платформата за одржливост на ХИВ сервиси, Националната ХИВ комисија, како и пред граѓански организации кои спроведуваат програми за ХИВ превенција помеѓу сексуални работници, вклучувајќи ги трансродовите лица.

Целиот документ со барањата на трансродовите луѓе „ХИВ И РОД“ може да го прочитате/преземете на следниов ЛИНК.

Овој документ со аргументирани барања на трансродовите луѓе е поддржан од EKHN, во рамки на програмата за грантови „Род и ХИВ“.