Канадската фотографка Линдзи Фостер го овековечи моментот кога двајца млади татковци го добија својот син Мајлоа. Она што на некои места во светот сеуште е чудно и неприродно, оваа фотографка го објасни премногу емотивно што може да се види на фотографиите.
– Имав можност да го фотографирам ова раѓање. Добро ги запознав двајцата татковци додека во страв го чекаа раѓањето на синот од сурогат мајка. Тие ја почувствуваа родителската љубов, изјави Линдзи.
И двајцата биле без облека горе бидејќи докажано е дека кожата влијае позитивно на новороденото бебе. Кога овие фотографии Линдзи ги претстави на Фејсбук се собраа илјадници like-ови.
И секако, тука за коментар беа и татковците кои изјавија:
– Благодариме на сите кои имавте време да искоментирате и да ви се допаднат фотографиите. Ова е фантастичен момент во нашиот живот кој ќе остане овековечен засекогаш. Навистина сме пресреќни што имаме дете. Ги почитуваме сите коментари иако не се согласуваме со негативните. Мајло е опкружен со бескрајна љубов и растејќи ќе научи дека постојат различни семејства и треба да го прифатат сите. Мајло е роден за време на светската недела на гордоста. Љубовта нема боја, ни пол ни сексуална ориентација. Таа е безусловна, изјавија Френки Нелсон и Би Џеј Барон.