Феминистката Ерика Луст отвара нов свет во еротиката

Иднината на порното во кое главна улога имаат жените
Феминистката Ерика Луст која по професија е режисер отвара нов свет во еротиката, во кои жените добиваат една друга водечка позиција. Промена на перцепцијата кон женското тело и женската сексуалност.

Замислете вашите најдлабоки, најмрачни фантазии да можат да ги видат сите. Очи на тотално непознати лица во сензуално и еуфорично искуство сместени во вашиот монитор. Икс Исповеди (XConfessions) од Ерика Луст го истражува токму тој разбрануван свет на секс и еротика но преку секојдневните луѓе.
Станува збор за анонимни признанија добиени преку интернет, сите тие се собрани и повторно внесени во кратки еротски филмови во нејзина сопствена режија.
Кариерата на Ерика и страста кон субверзирано истражување на порното, со посебен акцент на менување на перцепцијата на женската сексуалност започнала со нејзината прва задача, со која таа се сретнала во нејзиниот деби филм во 2004 година.
Страста за промена во светот на порнографијата на Ерика Луст произлегува од нејзините сопствени искуства, како што таа самата вели, истражуваајќи се самата себе и својата сексуалност.
“Кога јас самата гледав порно, чуствував како да не ми се допаѓа тоа, или едноставно не уживав, едноставно не разбирав зошто моето тело се конектира со тие сексуални фотографии или видеа.”
Ова прашање покренато од нејзиното сопствено искуство предизвика промени за полтичките науки и ставовите за светот на женската еротика, сето ова на Ерика и донело бројни признанија на Feminist Porn Awards (Феминистички порно награди), и од неодамна предизвика доста внимание на нејзиниот прв ТЕД говор, каде што таа ја истакнува важноста за менување на перцепцијата помеѓу полот и порното.

Целиот концепт на Икс Исповеди (XConfessions) се состои во тоа што на официјалната страна посетителите можат да се регистрираат и да ги испратат своите исповеди, Ерика Луст еднаш месечно избира два нај впечатливи исповеди и од нив режира кратки порно филмови. Едноставен концепт каде што филмовите на Ерика се базирани на овие анонимни исповеди. Вистниски филмови со вистинки секс.

Повеќе информации за работата на Ерика Луст http://xconfessions.com/

1117665

1118022

1117673