Здружени под црвениот чадор, клучен симбол за сексуалните работници, овој документарен филм ги истражува различни степени на конфликтите со кои се соочуваат сексуалните работници, истовремено славејќи го активизмот што постои во глобалното движење за правата на сексуалните работници.
Британската продукциска куќа Aral Sea Productions имаат подигнато донаторска кампања за собирање на средства за снимање на својот документарен филм „Beyond The Red Light“ за глобалното активистичко движење на сексуалните работници, вклучувајќи ја и нашата земја.
По направените интервјуа со неколку организации кои работат на заштита на правата на сексуалните работници, тимот одлучува да го вклучат СТАР-Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот во снимањето на глобалната приказна за секуалната работа во Република Северна Македонија.
„Одиме во Северна Македонија во декември за да се сретнеме со СТАР – Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот. По неколку наши онлјан средби со претседателот на организацијата, уште пред неколку месеци, планираме да поминеме дел од нашето снимање таму. СТАР има за „цел да ги заштити и застапува сексуалните работници во општеството, преку активна соработка со државните институции, граѓанскиот сектор и медиумите на локално, национално и меѓународно ниво. СТАР ги мобилизира и интегрира сексуалните работници во процесот на градење на капацитети и организацискиот раст и развој.“
„Нашата цел е да следиме три сексуални работници од Северна Македонија, снимајќи јавни настани како што е Маршот на Црвениот чадор, Skopje Red Light District, поп-ап вечери со владини претставници, и спроведувајќи лични интервјуа со членови на заедницата. Ќе посетиме области како Шутка, најголемата ромска општина, каде „сè што е забрането е добро прифатено“. Овој почетен период на снимање ќе ни помогне да ги поставиме темелите за снимањето на остатокот од нашиот документарен филм. Ние сакаме да ви ја покажеме реалноста на маргинализираната заедница која се бори за својата егзистенција. Снимањето на филмот ќе не однесе зад сцената на сексуалната индустрија во Северна Македонија, истакнувајќи ги и борбите и силата на овие лица.“
Зошто ни се потребни парите од донаторската кампањата?
Она што го снимавме досега е финансирано од нашите сопствени џебови, но за да го направиме овој филм пореален, ни треба Вашата помош. Веруваме во нашиот филм и се надеваме преку приказните за сексуалните работници што сме ги запознале, сексуалните работници кои допрва ќе ги сретнеме и нашите сопствени приказни ќе допреме до Вас и Вашата доверба.
Финансирањето што ни е потребно е само за почетокот на нашиот филм со цел да стигнеме во Северна Македонија за да се сретнеме со СТАР-Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот, и да поминеме две недели таму, што пак ќе ни овозможи да го реализираме нашиот проект и сите наши планирани средби со сексуалните работници со цел да разбереме како изгледаат нивните животи. Со овој документарен филм од Северна Македонија, се надеваме дека ќе ни се отвори можност да аплицираме за поголеми грантови.
Потребното финансирање е за патувањето, опремата, дневните трошоци, осигурувањето, преведувачите, сместувањето и членарината на екипажот.
Во прилог погледнете го видеото и споделете го со Вашите пријатели и соработници.
Можете да донирате на следниов линк: