СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот во соработка со ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија успешно го завршија проектот „Координирани, синхронизирани и сеопфатни здравствени услуги за трансродовите лица во процес на транзиција во Република Северна Македонија“ поддржан од Eurasian Key Populations Coalition во рамки на грантот „Род и ХИВ“.
Во рамки на нашиот проект, се реализирани следниве активности:
- Информативно-едукативна брошура: ЧПП ЗА ПРОЦЕСОТ НА ТРАНЗИЦИЈА КАЈ ТРАНСРОДОВИТЕ ЛИЦА
- Работилница за сензитизирање на здравствените работници во Република Северна Македонија „Сензибилизација на здравствените работници за специфичните потреби на трансродовите лица“
- Извештај од истражување: Проценка на компатибилноста на постоечките здравствени и превентивни услуги со потребите на трансродовите лица во Северна Македонијa
Овој проект е поддржан од Eurasian Key Populations Coalition во рамки на грантот „Род и ХИВ“.