Унгарија ги крши човековите права на Мајките кои се сексуални работнички!

Според унгарското законодавство за прекршоци, забрането е да се задржи некој во притвор ако тоа значи дека неговите малолетни деца би биле оставени без законски старател. И покрај овој правилник,  унгарските организацијата на сексуалните работници, известуваат дека има многу сексуални работници кои се засегнати и изманипулирани во ваквите прекршочни постапки и кои се држат во притвор и до 72 часа пред почетокот на нивното судење. Додека тие се во притвор, нивните деца немаат законски старатели.

Сексуалната работа е легализирана во Унгарија од 1999 година. Но, и покрај тоа, ако родителот се ангажира во сексуалната работа институциите го земаат тој податок како доволен за да се изгуби старателството над детето. Значителен дел од сексуалните работници ја избрале сексуалната работа со цел да можат да се грижат за нивните деца. Според последната анкета на SZEXE, 50 проценти од сексуалните работници имаат деца.

Сексуалните работници често се плашат да признаат дека имаат деца. Законот кој  определува кога едно лице ги изложува своите деца во опасност е нејасна, а полицијата и партнерите на сексуалните работници често ги уценуваат сексуалните работници и го користат овој закон за да манипулираат со нив.

Вистинските предизвици започнаа и пред било кој од овие прописи да започне да се применува и да се остварува. Појдовна точка е кога сексуалниот работник работи на улица. Полицијата често со фабрикувани докази, издава високи парични казни за давање услуги на неовластени локации. Ова е во голема мера е погрешно ако се земе во предвид дека, иако општините треба да дефинираат зони кои овозможуваат сексуална работа да се одвива легално, тие тоа не го прават, односно “толерантните зони” во изминатите 17 години постојат само на хартија.

Според SZEXE, парични казни, рации и акции се вршат од страна на полицијата, дури и на овластени локации. Паричните казни издадени од страна на полицијата често се толку високи што сексуалните работници не можат да си дозволат да ги платат, што резултира со тоа да овие парични казни бидат конвертирани во мерка-затвор, што може да биде и до 2 години.

Во принцип, како резултат на нејасни прописи (особено на Законот за семејство) и спротивставени интереси во Унгарија се случуваат секојдневни кршење на човековите права на сексуалните работници.

SZEXE – Организација која работи за права на сексуалните работници се обрати до унгарскиот правобранител (Канцеларијата на комесарот за фундаментални права) со жалба и барање за промена на регулативата. Народниот правобранител, Ласло Szekely одговори дека барањата за создавање на нова регулатива или промена на сегашниот закон се неоправдани, и дека неопходни се појаснувања и продолжување на тековните практики и подобрување на имплементацијата, и затоа тој го повика државниот секретар на Унгарија да покаже интерес за решавање на овој проблем.

Извор: NSWP