ТРЕНИНГ МОДУЛ ЗА СЕКСУАЛНА РАБОТА ХИВ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Trening modul

Краток Вовед:

Сексуалната работа е непринудна продажба на сексуални услуги за пари или други материјални добра, помеѓу согласни возрасни лица. Сексуалната работа подразбира нудење сексуални услуги на отворена и затворена сцена и вклучува нудење ескорт услуги, сексуални услуги преку телефон, порнографија, стриптиз, еротска масажа и сексуални услуги преку интернет портали. Сексуален работник може да биде маж, жена или трансродово лице. (Во понатамошниот текст, ќе се користи терминот сексуални работници како родова неутралност, кој ги вклучува машките, женските и трансродовите сексуални работници).

Во Република Северна Македонија не постојат конкретни закони за регулација на сексуалната работа. Вршењето дејност поврзано со сексуалната работа се смета за нарушување на јавниот ред и мир: „Кој се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност, додека некои други активности поврзани со сексуалната работа (подведување, охрабрување, заработување од посредување за сексуални услуги) се третираат и казнуваат како кривични дела“. Ова се дел од низата селективни закони кои влијаат на дигнитетот и човековите права на сексуалните работници, зголемување на насилството и стигматизацијата, како и создавање недоверба кон самите институции.

Публикацијата Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови права можете да ја погледнете/симнете ТУКА

Tags: , , ,