Во Р. Македонија има голем број на трансродни лица кои се занимаваат со сексуална работа. Повеќето од нив работат тајно во изнајмени апартмани или сопствени станови и не излегуваат во јавност бидејќи секојдневно се соочуваат со стигма, дискриминација и насилство. Сексуалните работници, особено трансродните лица вклучени во секс индустријата иако самостојно ја избрале оваа работа, сепак постојано се соочуваат со стереотипи од општеството.
Во продолжение една трансродна сексуална работничка отворено зборува за својата работа, интимниот живот и нејзиното опкружување. Не е откриено незјиното име со цел да се зачува нејзиниот идентитет.
Кога започна да се занимаваш со сексуална работа?
Оваа работа ја работам уште од најрана возраст. На 16 години почнав да се облекувам како женско по дома, затоа што така се чувствувам најубаво. Потоа почнав да ги ставам сликите на сајтови за запознавање кои беа популарни во тоа време. Една личност откако највероватно му се допаднале моите слики, ми понуди пари да бидам со него и јас секако отидов на средбата. Сфатив дека парите ми се добредојдени и отогаш активно сум вклученса во сексуалната работа.
Како се чувствуваше кога се сретна со твојот прв клиент?
Малку бев срамежлива на почетокот, бидејќи знаев дека спијам со него поради пари. Ми беше неугодно, но потоа како минуваше времето имав се повеќе клиенти, станав поискусна и воопшто не ми беше срам.
Колку години се занимаваш со сексуалната работа и дали клиентите ти прават проблеми дека си трансродно лице?
Па повеќе од десет години ја работам оваа работа. Проблеми не ми прават, бидејќи однапред им кажувам дека сум транссексуалец, и тие што сакааат такви како мене воопшто не им пречи. Со самиот изглед како женско и тие што претходно никогаш не биле со трансродови сексуални работници се предомислуваат и сакаат да пробаат нешто ново во својот живот, да експериментираат и сл.
Дали некогаш си имала насилен клиент?
Да. Еден дојде и ми се претстави како инспектор и ми извади легитимација со цел да ме заплаши да му дадам услуга без пари само затоа што е инспектор. Јас му реков како за сите, така и за тебе, мене тоа не ме интересира дали си ти инспектор или не. После долго расправање успеав да го натерам да си замине, затоа што немаше пари да ми плати.
Дали работиш сама или пак имаш макро?
Работам сама, затоа што така е побезбедно. Во Македонија полицијата не малтретира и сметам дека е подобро да работам скриено во изнајмен апартман без никој да знае, и на тој начин се чувствувам позаштитено. Одам и во хотели, кога клиентите ми се бизнисмени или некои јавни личности, затоа што тие се плашат да не бидат откриени во мојот апартман.
Дали некогаш си се соочила со некаква дискриминација надвор од товјата работа, поради тоа што си трансродно лице?
Тоа се случува често по кафаните, дискотеките и клубовите каде што најчесто излегувам. Понекогаш се случува некој да ме препознае и да каже ова не е женско и да почне да ме навредува затоа што сум облечена како женско. Еднаш ми се има случено да отидам на бензинска да купам цигари, и девојката откако ме препозна беше нељубезна кон мене и не сакаше да ме услужи. Исто така, пред една година тројца дечки поминаа со кола, застанаа и ми довикуваа. Едниот од нив ме праша како си, но откако почнав да им правам муабет сфатија дека не сум женско. Излегоа од кола и почнаа да трчаат по мене, ме бутнаа на земја, и ми ја украдоа ташната. Ги пријавив во полција. Полицијата земаа изјава но од тогаш нема никаков одоговор од нив. Мислам дека воопшто не превземаа ништо за случајот поради тоа што сум транс сексуална работничка.
Дали имаш некаква заштита, правна или здравствена?
Да, имам здравствена помош, преку невладини организации кои нудат бесплатни здравствени услуги. Редовно се тестирам за ХИВ, и други сексуални пренсоливи болести. Внимавам на моето здравје и секогаш користам заштита при секс. Тоа е правило број еден во сексуалната работа.
Дали се случило некој да побара сексуална услуга од тебе без кондом?
Ми се случува да. Често пати, ми нудат повеќе пари за да бидам со нив без заштита, и за време на секс се случува некој клиент без да видам јас да го извади кондомот, меѓутоа не може да ме излаже бидејќи многу внимавам. Едноставно не прифаќам секс без кондом. Колку и да ми се потребни парите, сепак тие ми се помалку важни од мојот живот и моето здравје.
Дали заработуваш доволно од сексуалната работа?
Па можам да кажам дека за стандардот што го имаме тука во Македонија, да заработувам добро. Со парите што ги заработувам имам за секојдневните трошоци, да платам кирија, комунали, и секако ми останува за да прошетам, да се облечам и да уживам.
Како е да се биде трансродно лице во твоето опкружување?
За мене знаат сите која сум и што работам, така што одамна сум ги решила тие проблеми. Јас лично немам никаков проблем да им кажувам на сите дека сум трансродно лице, кој ме прифаќа, супер, кој не, тоа воопшто не ме засега. Да тешко е да си поразличен од другите во нашето општество, меѓутоа ова го кажувам од лошите искуствата кои мои пријателки, исто така транс сексуални работнички ги споделувале со мене. Сметам дека доколку си изграден како личност и го сакаш тоа што го правиш, нема да дозволиш други да ти влијаат.