Традицијата на гејшите: Древна уметност испреплетена со низа задоволства

Гејшите во јапонската традиција се споменуваат од почетокот на 7-от век, но во текот на 18-тиот век оваа професија доживува нова експанзија. И денес гејшите постојат, но во многу сегменти се прилагодени на денешното време.

Се знае дека уште на почетокот на 7-от век во Јапонија постоеле жени кои биле домаќинки на бизнис и забавните собири, кои им ставале саке на гостите и за соодветен надоместок го нуделе своето друштво во најинтимни околности. Било каде на друго место на светот, ваквото нешто со сигурност би се нарекло проституција, но институцијата на гејшите има толку длабоки корени во јапонската традиција што нивната култура не дозволува банализација на оваа професија.

Девојките кои ги служеле гостите на собирите на високите класи се нарекувале „сабуроко“ или служителки, а давањето на сексуални услуги на клиентите на почетокот било повеќе исклучок отколку правило. Во 18-тиот век, работните задачи на гејшите биле поврзани со задоволување на сите потреби на клиентите и традицијата станала нешто што во модерните термини би можело да биде наречено како елитна проституција. Гејшите како и останатите занаетчии биле организирани во помали заедници кои имале своја клиентела, посебни услуги за кои биле специјализирани и нормално, посебни понуди за најдобрите клиенти.

Помеѓу гејшите постоеле и класни разлики, па така помалку атрактивните девојки се користеле само за служење, додека попривлечните девојки биле обучувани и користени за танц и музика.
Помеѓу гејшите постоеле и класни разлики, па така помалку атрактивните девојки се користеле само за служење, додека попривлечните девојки биле обучувани и користени за танц и музика.

Додека едни ја минимизираат оваа професија, други ја изедначуваат со древната уметност на Јапонија. Кој и да е во право, гејшите постојат со векови и својата заедница и работа ја прилагодуваат на модерните услови трудејќи се да ја сочуваат својата традиција. Јавноста во целиот свет дознала за оваа древна јапонска пракса со појавувањето на првите фотографии на гејшите, во пеесеттите години на минатиот век. На фотографиите кои тогаш се појавиле прикажана е улогата на гејшите во модерно друштво, но откриено е и многу за нивниот мистичен начин на живот.

Целиот текст за традицијата на гејшите ќе можете да го прочитате во апрлискиот број на S-Work