Граѓанската Иницијатива за Промоција и Унапредување на Правата на Сексуалните Работници СТАР-СТАР, ја реализираше Изложбата ” Sex Work in Art ” како составен дел од кампањата по повод Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници – 17ти декември. Пораката која ја пренесовме кажавме СТОП на насилството е јасна :
Тортура не е Култура !!!
Уметноста е човечка активност. Производ на таа активност или идеја за истата се и делата на двајца млади уметници кои својата инспирација ја пронашле во сексуалната работа и сексуалните работници.
На изложбата беа презентирани пет трудови изработени во техника масло на платно од уметникот Никола Анѓеловски кои главно се концентрирани кон фигуративната глетка поттикната од фотографии од гламурозните магазини на медиумите за масовна комуникација. Потенцирајќи одреден момент од животот на сексуалните работници – потребата од сокривање, оттргнување, свесно влегување во маргините, привидната баналност на мотивот да формира своевиден знак за времето во кое живеат онака како што тие тоа го чувствуваат…
“Спинтрии” на тема Сексуална работа од авторката Симона Манчева ја прикажува историјата на сексуалната работа која отсекогаш постоела. Во минатото се наплатувала со посебни монети спинтрии кои најчесто биле изработувани од бронза или месинг, додека таа денес ги изработува од калај. Тие со својот релјеф го прикажуваат сексуалниот живот на луѓето, со што сексуалниот дискурс привлекува внимание. На спринтиите преовладуваат приказите од маж и жена, но сепак се прикажани и хомосексуални прикази и сексуален чин со повеќе луѓе.