СТРАТЕШКИ ПЛАН 2022-2025

Овој стратешки план, внимателно развиен од страна на извршната канцеларија на СТАР-СТАР под водство на Програмскиот раководител и менторство од надворешен експерт за организациски развој, а со целосна вклученост на сексуалните работници од три региони во земјата, е организациската заложба која ги определува стратешките приоритети, цели и интервенции во периодот 2022-2025 година. Сепак, овој стратешки план е само рамка водилка и претставува жива материја која дополнително ќе се развива и унапредува согласно потребите на заедницата и развојот на организацијата.

Во процесот на стратешко планирање на СТАР-СТАР беа спроведени повеќе активности кои обезбедија основа за вклучување на повеќе засегнати страни, а најмногу на заедницата на сексуалните работници. Со менторска поддршка беше изработен работен план со кој беа определени работниот тим и беше поставена основата на стратешкиот план со предвидените активности, одговорни лица и роковите за изработка. Во рамки на стратешкото планирање беа спроведени консултации со заедницата од Скопје, СТАР-Исток и СТАР-Запад за нивните потреби, проблеми и предизвици, беа изработени SWOT анализи, како и анализа на засегнати страни користејќи различни алатки за прибирање на информации и искуства. Од прибраните информации, СТАР-СТАР за прв пат ја разви својата теорија на промени детално прикажана во стратешкиот план врз чија основа беа идентификувани стратешките приоритети, целите и интервенциите кои организацијата ќе ги спроведува во периодот 2022-2025 година.

Соодветното планирање на организациската насока на делување во идниот период, освен адресирање на потребите на заедницата, ќе придонесе и кон зголемување на ефикасноста и ефективноста во искористувањето на организациските ресурси за постигнување на најдобри резултати и промени со што поголемо влијание. Успехот на организацијата, освен со остварување на предвидените цели во рамки на стратешките приоритети се мери и со обезбедената одржливост на резултатите преку трајните промени кои придонесуваат за подобар живот на заедницата, почитување на нивните човекови права и слободи. Доброто стратешко планирање предвидува сериозен пристап кон обезбедување на одржливост на тие промени и овозможува развој на заедницата која е способна сама да ги фасилитира промените кои ѝ се потребни.

Документот СТРАТЕШКИ ПЛАН на СТАР-СТАР Скопје за периодот 2022 – 2025 година може да се прочита/преземе во целост на следниот ЛИНК.

Tags: