Шерил е 38-годишна девојка, бивша сексуална работничка, која вели дека нејзиниот нов менаџер на нејзината нова работа постојано ја исмевал велејќи дека имала „односи со јавноста“.
Кајла, 61 година, откако нашла нова работа набрзо истата и ја напуштила, откако нејзиниот колега дознал од полицаец дека таа претходно била „проститутка и наркоманка“. Откако ја изгубила работата, единствена опција и било да се врати на претходната – сексуалната работа.
И двете жени поминале низ деградирачки третман откако се обиделе да ја напуштат сексуалната работа и да пронајдат нови професии. Неодамна е објавена студија „Курвинска стигма“ во која се интервјуирани околу 22 сексуални работнички од Ванкувер за пречките со кои постојано се соочуваат.
„Жените, чии имиња се променети во студијата за заштита на нивниот личен идентитет, дадоа изјави за предизвиците од вербално насилство, стигмата со која се соочуваат, како најголема причина за напуштање на сексуалната работа“, вели истражувачката Рејвен Боуен, која студирала криминологија на Симон Фрејзер Универзитетот во Бурнаби.
„Како да неможеш да избегаш од ова“, вели Боуен, чија студија е објавена во Ноември.
Сексуалните работнички очекуваат дека говорот на омраза ќе биде присутен кај нивните нови работодавачи и колеги откако ќе ја напуштат сексуалната работа.
Учесниците, на возраст од 20 до 61 година, се бивши сексуални работници кои повеќе не се вклучени во секс индустријата, или пак имаат двоен живот, работејќи две работи, притоа едната ја прикриваат од другата.
Боуен успеала да ги собере нивните стории во 2012 година, во периодот кога Врховниот суд на Онтарио ги донел клучните закони за сексуалната работа. Во тоа време, активистите се подготвуваа за битка во највисокиот суд на Канада, кој на крајот реши во нивна полза.
Врховниот суд на Канада донесе одлука во 2013 година за регулирање на трговијата со луѓе, но не на сметка на безбедноста и животот на сексуалните работници. Една година подоцна е забрането купување на сексуални услуги.
„Менувањето на кариерите кај сексуалните работници е како да промените професија од џез музичар во стоматолог“, вели Боуен. Поранешните сексуални работнички се чувствуваат обврзани да ја чуваат во тајност својата работа, а пристапот до образование и нови професии за нив е навистина тежок.
За Вивијан, пензионирана сексуална работничка било потребно дури два обида да ги направи првите чекори да ја напушти сексуалната работа.
„Програми финансирани од Владата побарале од учесниците да го достават нивниот број на социјално осигурување и од нив бараат ветување дека никогаш повеќе нема да се
вратат на сексуалната работа“, вели Вивијан.
„Стигмата е сеприсутна во целото општество“, изјави Боуен, кој има поминато две децении како теренски работник и извршен директор за PACE здружението во Ванкувер, кое промовира безбедни услови за работа на сексуалните работници.
„Стигмата е насекаде”, вели Боуен. „Стигмата е таа која ги угнетува луѓето, ги прави да се чувствуваат повредни и да се издигнат преку девалвирање на некој друг”.
Боуен истакнува дека повеќето се приклучуваат во сексуалната работа од различни причини, а само околу 5 до 15% всушност ја работат оваа работа за да опстанат. Една самохрана мајка признава дека работи како сексуална работничка само за да може да си ги дозволи трошоците за спортските активности на нејзиниот син.
Вивијан се идентификува во онаа група на луѓе која секогаш имала избор за сè што прави во животот.
„Се што правев, беше по мој избор“, вели таа. „Одбивам да викам дека тоа го работам зошто морам, но тоа е еден од начините да ја избегнете стигмата“.
Општеството бара од нив да ја напуштат сексуалната работа, само за да го избришат минатото.
„Ние не сме ужасни луѓе, ниту пак жртви,“ вели Вивијан.
Застапниците како Боуен повикуваат на заштита на сексуалните работници и Владата да престане да го смета насилството врз сексуалните работници како злосторство од омраза, истакнувајќи дека професијата претставува единствена нивна заштита.