СТАР e еден од добитниците на петтото доделување на грантови на Eurasian Key Populations Health Network (EKHN)

Со задоволство сакаме да објавиме дека STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans е еден од добитниците на петтото доделување на грантови на Eurasian Key Populations Health Network, со проект насловен „Подобрени ХИВ програми конкретно за трансродови лица во Република Северна Македонија“.

Проектот има за цел да иницира ХИВ програми конкретно за трансродови лица во рамките на националната ХИВ програма, преку вклучување на заедницата во процесот на градење на програмите; обезбедување пристап до носители на одлуки и процеси кои се однесуваат на ХИВ превенција и третман за трансродовите сексуални работници и зајакнување на нивните капацитети за преговорање и вклучување во тие процеси; и обезбедување на активен ангажман на заедницата во спроведување на националниот ХИВ протокол.