СТАР-СТАР се придружува во одбележување на 14-ти септември – Меѓународниот ден на гордоста

СТАР-СТАР, Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, се придружува на меѓународните организации предводени од сексуални работници, членки на NSWP, во одбележување на 14-ти септември – Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници со организирање на јавна онлајн кампања, преку споделување на сите успеси кои не направиле горди како колектив на сексуални работници во изминатиов период во Република Северна Македонија.

Фото на Ванчо Џамбаски
Фото на Ванчо Џамбаски

Иницијативата за одбележување на четвртиот Меѓународен ден за права на сексуалните работници, Гордоста на сексуалните работници, ја покрена NSWP (The Global Network of Sex Work Projects), што ќе се одржува на 14-ти септември секоја година. Овој ден има за цел да го слави самоопределувањето и зголемената видливост на сексуалните работници и ќе има за цел да ги покаже сите достигнувања на меѓународни организации предводени од сексуални работници. Другите три меѓународни денови за права на сексуални работници кои се одбележуваат секоја година се 17-декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 3-март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници и 2-јуни, Меѓународниот ден на сексуалните работници. Со организирање на јавни кампањи, настани и протестни маршови на овие значајни денови, заедницата на сексуални работници повикува на почитување на нивните работнички права, пристап до правда и искоренување на насилството врз сексуалните работници.

Со одбележување на Меѓународниот ден на гордоста се отвора можност за заедницата на сексуални работници да споделат лични искуства, приказни и достигнувања во изминатите години од активистичкото движење на сексуалните работници на интернационално ниво.

Tags: , ,