СТАР-СТАР објавува пакет стикери за Viber и WhatsApp

СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, во рамки на Акцискиот план за заедницата насловен „Подигнување на јавната свест за сексуалната работа и превенцијата од ХИВ“ креираше пакет стикери за апликациите Viber и WhatsApp.

Со интересниот и едноставен дизајн, стикерите пренесуваат важни пораки поврзани со сексуалната работа и заштитата од ХИВ и имаат за цел да го привлечат вниманието на јавноста преку испраќање на стикерите на овие социјални мрежи.

Акцискиот план „Подигнување на јавната свест за сексуалната работа и превенцијата од ХИВ“ е поддржан од Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа (ICRSE – International Committee on the Rights of Sex Workers in Europe), а дизајнот на стикерите го изготви Горан Костовски – Индог, во консултации со заедницата на сексуални работници/-чки.

Пакетот стикери се достапни за апликациите Viber и WhatsАpp на Android и iOS оперативните системи.

За симнување и користење на пакетот стикери за Viber:

  1. Потребно е да кликнете на S-work is work Viber Stickers;
  2. Потоа, од Sticker Market со едноставно кликнување на FREE DOWNLOAD, стикерите ќе се инсталираат на Вашата Viber апликација.
  3. За крај, пратете ги стикерите на Вашите пријатели и колеги во знак на поддршка на сексуалната работа и подигање на свеста за ХИВ.

За симнување и користење на пакетот стикери за WhatAapp:

  1. Потребно е да кликнете на S-work is work WhatsApp Stickers
  2. Потоа, кликнете на опцијата INSTALL STICKERS, по што ќе Ви биде понудено да ја инсталирате помошната апликација Sticker Maker на Вашиот уред.
  3. Откако ќе ја инсталирате апликацијата Sticker Maker, таа ќе се отвори и ќе Ви ја понуди опцијата ADD TO WHATSAPP, со што стикерите ќе се инсталираат на Вашата WhatsApp апликација.
  4. За крај, пратете ги стикерите на Вашите пријатели и колеги во знак на поддршка на сексуалната работа и подигање на свеста за ХИВ.
Tags: , , ,