СТАР-СТАР обезбеди грант во шестиот циклус од грантовата програма „ХИВ и род“ на Eurasian Key Populations Coalition (EKPC)

СТАР-СТАР како претставник од Северна Македонија е еден од добитниците на грантови од грантовата програма „ХИВ и род“ на Евроазиската коалиција на клучни популации (EKPC).  Од јули 2021 година СТАР-СТАР ќе го спроведува проектот „Координирани, синхронизирани и сеопфатни здравствени услуги за трансродови лица во процес на транзиција во Република Северна Македонија“.

Земено предвид дека во Северна Македонија не постојат систематски решенија, практики и стандарди поврзани со здравствената грижа за трансродовите лица кои одлучиле да го поминат процесот на транзиција (медицинско потврдување на родот), главниот фокус на овој проект ќе биде проценка на посточеките здравствени услуги и сервиси за трансродови лица кои сакаат да направат медицинско потврдување на родот. Дополнително, овој проект ќе биде насочен и кон самата заедница на трансродови лица со цел да ги информира и едуцира за достапноста на овие улуги и сервиси во јавното здравство, но и преку граѓанскиот сектор и како да ги остварат своите здравствени права. Еден од најважните аспекти во имплементацијата на проектот ќе биде мобилизација и сензибилизaција на здравствени работници на кои ќе им се развијат и изградат дополнителни капацитети и сеопфатно познавање за потребите на трансродовите лица со што ќе можат да даваат соодветни здравствени услуги.

Проектот ќе го спроведува СТАР-СТАР во блиска соработка со ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија и е во рамки на регионалната програма „Одржливост на услугите за клучни популации во источна Европа и централна Азија“ која ја спроведува Алијансата за јавно здравје во конзорциум со „100 ПРОЦЕНТИ ЖИВОТ“ (Украинска мрежа на лица со ХИВ), Асоцијацијата за ХИВ на Централна Азија и Евроазиската коалиција на клучни популации (EKPC) со поддршка на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

#EKPC #SoS_project