СТАР-СТАР, од месец јули 2023, започнува со имплементација на нов проект „Мобилизација на заедницата со цел да се надомести намаленото финансирање и родовата нееднаквост во Националните програми за ХИВ за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Евроазиската коалиција на клучни популации (EKPC) во рамки на програмата „ХИВ и род“.
Проектот има за цел да го намали родовиот јаз во обезбедувањето програми за ХИВ за сексуалните работници и трансродовите лица во Северна Македонија поради најновите случувања во земјата поврзани со обезбедување и испорака на услуги за превенција од ХИВ за клучните популации. Министерството за здравство на Северна Македонија намали 40% од средствата наменети за превенција од ХИВ во Националната програма за заштита на населението од ХИВ инфекција за 2022 година и дополнителни 40% во 2023 година, оставајќи ги најмаргинализираните заедници крајно ранливи на ХИВ.
Проектот ќе го спроведуваме во блиска соработка со ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија, а во рамки на регионалната програма „Одржливост на услугите за клучни популации во источна Европа и централна Азија“ (SoS_project 2.0), која ја спроведува Алијансата за јавно здравје во конзорциум со „100 ПРОЦЕНТИ ЖИВОТ“ (Украинска мрежа на лица со ХИВ) и Евроазиската коалиција на клучни популации (EKPC), со финансиска поддршка на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.