Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, стана рамноправна членка на ERA – LGBTI Equal Rights Association – Асоцијација за еднакви права на ЛГБТИ заедницата во Западен Балкан и Турција. СТАР беше изгласана за членка од страна на членовите на регионалната асоцијација во рамки на годишниот состанок на Генералното Собрание кој се одржа на 17.12.2021.
Како организација членка, се приклучуваме на активностите кои ги спроведува ERA, како и во спроведување на најголемото истражување за ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија и Србија со цел да се увиди дали сексуалната ориентација и родовиот идентитет влијаат врз вработливоста и застапеноста на ЛГБТИ луѓето на пазарот на трудот.
Доколку сте дел од ЛГБТИ заедницата и имате над 18 години, ве замолуваме да одвоите најмногу 30 минути за да ги споделите вашите ставови и искуства.
Прашалникот е анонимен и отворен до 10 јануари и може да го најдете на следниов линк: https://ipsosanketa.com/LGBTI_survey/