СТАР спроведува консултации со заедницата на сексуални работници во однос на воведување на ПрЕП како алтернативна профилакса за заштита од ХИВ

Во периодот од 18.10-25.10.2019, СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, организираше три фокус групи како дел од консултативниот процес со заедницата на сексуални работници во однос на воведување на ПрЕП како алтернативна профилакса за заштита од ХИВ.

Консултативните средби се спроведоа во Скопје, Гостивар и Струмица, во кои учество земаа 36 сексуални работници (мажи, жени и трансродови лица).

Оваа активност е поддржана од ViiV Healthcare, преку наградата ViiV Healthcare’s Positive Action Challenge: Stigma-Free Services for Sex Workers.