Стар се приклучува кон кампањата “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти”

По повод одбележување на Меѓународниот ден на сексуалните работници, 2 јуни, меѓународната мрежа за промоција на правата на сексуалните работници -мигранти ТАМПЕП повикува на акција со започнување на кампањата “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти” и ја изготвува својата прва Декларација.
Како член на меѓународната мрежа  ТАМПЕП, ние Стар-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот сме горди што сме дел од оваа кампања. Се приклучуваме кон оваа кампања со  потпишување на декларација и петицијата која ТАМПЕП ја покренува.

Барањата што се наоѓаат во Декларацијата се одраз на основните меѓународни стандарди и сакаат да ги охрабрат европските и националните политичари да преземат итни мерки.
Првата фаза од кампањата е петиција за собирање потписи од поединци и организации, што е неопходно за да се започне промената што треба да се случи.

Ситуацијата е критична, сексуалните работници мигранти не можат да чекаат повеќе. КОВИД-19 ја изнесе на виделина владината непријателска политика наместо поддршка за мигрантски работници. Нивните права согласно Европската конвенција за човекови права не се почитуваат.

Никогаш не било повеќе од потребно организациите и сексуалните работници ширум светот да известуваат за деградацијата и исклучувањето на сексуалните  работниците мигранти од национална и европска поддршка во време на Ковид 19 што им е ставена на располагање на другите групи во општеството.