Во изминатиот период СТАР-СТАР Скопје го започна процесот на стратешко планирање на организацијата за периодот 2021-2024. За време на процесот, кој сè уште е во тек, одржавме неколку консултативни средби и активносите за прибирање на податоци и информации од заедницата и вработените во однос на анализа на контекстот во кој делува организацијата, како и општественото и политичкото влијание на работата.
На 05.11.2021, во рамки на стратешкото планирање, ја одржавме и првата работилница со цел дефинирање на клучните одредници на стратегијата: преглед на визијата, мисијата и вредностите на СТАР-СТАР, дефинирање на стратешките приоритети, цели и резултати и идни чекори.
Работилницата се спроведе согласно мерките за заштита и спречување од ширење на КОВИД-19 вирусот.