СТАР започнува со реализација на онлајн вебинари за јакнење на капацитетите на сексуалните работници/чки

Ги спроведуваме првите три од серијата на онлајн вебинари за јакнење на капацитетите на сексуалните работници/чки во рамки на националната имплементација на SWIT програмата, потпомогната од нашиот регионален партнер SWAN – Sex Workers Advocacy Network и Глобалната мрежа NSWP – The Global Network of Sex Work Projects  преку грант на Robert Carr фондацијата.

Регистрацијата за учество на вебинарите е исклучиво по покана на нашата организација – СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и во нив учество ќе земат ограничен број на сексуални работници/чки од Скопје, Струмица и Гостивар. Нашите одлични фасилитатори имаат за цел да создадат заедница која ќе и пркоси на целата институционална маргинализација.

Им благодариме на нашите партнери за поддршката!

Tags: , ,