СТАР започнува со реализација на креативни работилници во Гостивар

Минатата недела, во Гостивар започнавме со реализирање на првите креативни работилници со цел јакнење на капацитетите на сексуалните работници/чки. Овие работилници се отворени за сите наши клиенти/ки кои имаат можност да се дружат преку заедничко готвење, заеднички оброк и споделување на рецепти за храна и да добијат третман за разубавување (шминка и фризура) од стилисти кои се дел од нашата заедница.

Нашата канцеларија во СТАР-Запад е отворена за посета и дружење преку заеднички оброк секој вторник и четврток со почеток од 14:00 до 21:00 часот, и дружење преку добивање услуги за разубавување секоја среда и петок со почеток од 14:00 до 21:00 часот.

Овие активности се реализираат во рамки на националната имплементација на SWIT програмата, потпомогната од нашиот регионален партнер SWAN – Sex Workers Advocacy Network и Глобалната мрежа NSWP – The Global Network of Sex Work Projects  преку грант на Robert Carr фондацијата.