Изминатата недела, СТАР- Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот започна со работа на инфо линија, која е наменета за советување и помош на сексуални работници/-чки за време на кризата со КОВИД-19.
На инфо линијата работат три лица од заедницата како инфо оператори во 3 града, Скопје, Гостивар и Струмица, кои се обучени да обезбедат првична поддршка и советување на сексуалните работници/-чки, како и да даваат потребни информации во однос на добивање на социјална, здравствена и правна помош.
Во тек е изработката на инфо летоците кои ќе бидат дистрибуирани помеѓу заедницата на сексуални работници на национално ниво, со цел промоција на броевите на кои ќе можат да се обратат за да добијат помош, поддршка или советување.
Оваа активност е во рамките на нашиот проект „Брзи реакции за намалување штети од КОВИД-19 во ХИВ програмите наменети за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.