Со задоволство објавуваме уште една убава вест. СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот е добитник на грант од ViiV Healthcare преку нивниот фонд наменет за поддршка на организации од заедницата со цел оддржување и развивање на потребните услуги наменети за луѓе кои живеат со/под ризик од ХИВ за време на кризата со КОВИД-19.
Со проектот „Брзи реакции за намалување штети од КОВИД-19 во ХИВ програмите наменети за сексуални работници во Република Северна Македонија“, имаме за цел да овозможиме континуиран пристап и поддршка до потребните услуги за ХИВ превенција, грижа и третман, на заедницата на сексуалните работници, преку интервенции за поддршка, психо-социјална поддршка, зајакнување на пристапот до АРТ (антиретровирусна терапија) и/или работа на терен со тешко достапни групи.